Ромите во Македонија од 2001 до 2021 година користеле контрацептивни средства и презервативи!!!

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, беше долгоочекуваната информација да се преброиме и да знаеме кој колку е. 

Од вкупниот број попишани граѓани, резидентни и нерезидентни, Македонци се 54,21 %, Албанци, 29,52 %,, а Роми 2,53 %. Со Пописот се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население, а 260.606 лица се нерезидентно население

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

И сега? Како тоа Ромите од 2.66 % во 2001 паднаа на 2,53% за овие 20 години. Дали е реална оваа бројка?

Парадокс на пример. Од 2001 до 2021, јас како деклариран Ром по национална припадност моето потесно семејство во 2001 година броевме заедно со мајка ми, браќа , сестри, внуците со снаи, и зетовци броевме 20 луѓе. Во меѓувреме од 2001 до 2021 се родиа внуци, а некои од децата пораснаа и склучија бракови. Нормално има и починати лица. Во 2021 моето потесно семејство новородени  имаше 9 лица, а починати само едно (мајка ми).

По некоја логика моето потесно семејство со новородени се зголеми за околу 40%. Сега броиме 28 лица. Тука не ги бројам новодојдените снаи или зетовци во периодот 2001 – 2021. Во ред е и дека некои од браковите се со мешани националности, за време на пописот да ја истакнале на дел од новородените внуци да се запишани и по основ на националноста на таткото, бројката може да спадне на минус 2 , или севкупно 26 лица или во проценти моето потесно семејство да биде поголемо за 30%.

Втор пример на Пописен фалсификат во Шуто Оризари.

Во 2002 година во општината се попишани 60.59% Роми од вкупното население, а 30.31% Албанци. Во 2021 година во Шуто Оризари се попишани 43.80% Роми, а 34.32% Албанци.

Каде се изгубија Ромите ? А не избирачкиот список се 23 037 гласачи на 36 избирачки места од кои 28 избирачки места се претежно со Роми гласачи, 6 се со Албанци гласачи и само 1 е со Македонци гласачи.

За такви потреби значи Ромите се само гласачи нели?

Па добор бе луѓе дали ви се верува дека ние Ромите во Македонија од 2001 до 2021 година строго користеле контрацептивни средства и презервативи!!!.

Наместо очекувана бар минимална бројка на пораст од околу 15% или од 2.66% - 56.000 Роми во 2001 да бидеме бар 65.000 Роми во 2021, а не според Пописот под 50.000 Роми.

Кај отиде тој минус од околу 20.000 Роми. На чие конто се заведени? Срамота!!!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 245 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот