Вчера се разговараше за предизвиците при имплементација на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени. При тој состанок државниот секретар во министерството за Правда Мухамед Точи напомена:
„Продолжуваме да овозможуваме неевидентираните лицата да добијат трајно системско решение.
Целна група се ранливи категории на граѓани од кои повеќе од половина се припадници на ромската заедница.
Владата на Република Северна Македонија креира посебни политики, стратегии наменети и за оваа ранлива категорија.
Сите заеднички да се посветиме на правилна имплементација на законот со цел да создадеме општество кое на сите граѓани им обезбедува еднакви права и можности.„ Се вели во изјавата на Мухамед Точи