Во Штип свечена церемонија од страна на Мрежата за системски и трајни решенија поповод 8-ми Април Меѓународниот ден на Ромите

Во општинската сала во Штип на свечен начин започна караванот кои го организира Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија под покровителство на Владата На Република Северна Македонија, поповод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. На свечениот чин беа присутни градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, Зоран Димов Координатор на Мрежата, Ерол Адемов од здружение на мултиетничко општество за човекови права Штип, Шенај Османов член на Мрежата и други истакнати гости и граѓани од Штип.

На самиот вовед градоначалникот на Штип Јорданов се обрати пред присутните со напомена дека како локална самоуправа прават напори за издигање на повисоко ниво на прашањата со кои се засегнати Ромската заедница од овој град. Во продолжение беше емитуван документарниот филм за историјата на Ромите „Небо, Точак, Земја„ во продукција на СП БТР. Самиот филм остави далбок впеќаток кај присутните. За филмот говореше координаторот на Мрежата и воедно и сценарист на филмот Зоран Димов.

Исто така Шенај Османов ја прочита и декларацијата од страна на Мрежата .

Потоа се разви дискусија межу присутните во врска со трибината која беше насловена како „Ромите, вчера, денес и утре„. На крај од настанот беше организиран мал освежувачки коктел.

Караванот на Мрежата продолжува со своите активности и во следните три дена а тоа во Куманово, Делчево и главниот настан на 8 Април во Скопје во Владата на РС Македонија.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 124 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот