Социјалните мрежи, порталите и весниците во Србија се преполни со огласи во потрага по берачи на малини.
Огледувачите на малини во страв да не им пропадне бизнисот затоа што нема кој да го собере родот, нудат сè подобри услови. Така, овогодинешната дневница најверојатно ќе изнесува дури 40 евра или за 15 евра повеќе од минатата година.
Одгледувачот на малини од Ивањица, Миодраг Сретеновиќ, триесетина дена неуспешно бара берачи, а огласот го постави на еден од најчитаните портали во западна Србија.
„Заедно со дневницата нудам сместување и храна, но никој нема да работи. Мојата плантажа е на површина од околу 50 декари, што не е толку многу, па замислете колку се уште се плашат сопствениците на поголеми парцели“, објаснува Сретеновиќ за Новости, со претпоставка дека цената на малините ќе надмине 5 евра за килограм. оваа година, иако некои купувачи велат дека ќе одат и до 8 евра, што би било рекорд. Инаку најголем број од тие сезонски работници за берење на малини се Роми