Постојано, културните програми за Ромите во медиумите и на информативните платформи се или маргинализирани или ги прикажуваат Ромите на егзотизиран, поврзан со сиромаштијата или криминализирачки начин. Во секој случај, претставувањето на Ромите се толкува со „белиот поглед“ и тие имаат малку простор за обликување на сопствен приказ. Гледајќи ги многуте обиди за самопретставување на Ромите во последните децении, би можеле да разбереме дека овие напори не беа добредојдени од владејачката елита.
Dikh TV, која започна како грасрут-канал на Јутјуб предводен од Ромите во Унгарија во 2015 година, со цел да го трансформира негативниот приказ на Ромите, преку медиумска платформа „за Ромите, не само за Ромите“, не успеа. Наскоро, политичката елита се инфилтрира во неа и потоа засекогаш го презеде водството со правење ТВ канал од Дих-ТВ. Иако каналот сè уште ги прикажува Ромите и културата во нејзината сегашна форма, тоа е направено под контрола на десничарската провладина бела елита.