На Фејсбук стана вирално видео на кое кондуктер на Чешката железница (ЧД) арогантно, безобразно принудува група мајки Роми и нивните мали деца да излезат од воз и веќе доби речиси 400.000 прегледи. Очигледно децата и жените се сите ромски бегалци од Украина.
Чешките железници негираат дека кондуктерот направил каква било грешка и тврди дека групата одбила да приложи каква било лична идентификација или билети. „За жал, снимката не го доловува целиот настан од почетокот на проверката на билетите, кога кондуктерот бара од патниците да приложат билети или патни исправи кои би им дале право на украинските бегалци бесплатно да патуваат со меѓудржавен превоз. Кондуктерот побара неколку пати да ги покажат своите билети или лична идентификација или да платат билет“, Петр Шатлавски, портпарол на Чешки железници.