6 јули 2022 година по тешка болест почина Грегор Јулсон – Гриша од Лунд, Шведска. Гриша беше почитуван и истакнат ромски активист. Јулсон долги години со својата ромска организација Ловара работеше за правата на Ромската заедница како на национално така и на интернационално ниво. Како долгогодишен член на ИРУ во 2016 беше назначен за Шеф на ИРУ Ромскиот Крис кој таа функција ја водеше се до неговата смрт.
ИРУ испраќа сочувство до семејството на Јулсон сочувство, а деновиве ќе се одржи и комеморативна седница посветена за делото и работата на овој истакнат Ромски патриот и активист.
Вечна му слава!