Според последните информации од организаторите на филмскиот фестивал „ПРОФЕСТ 2022„ и филмскиот директор Рајко Вулин, овогодишниот филмски фестивал ќе се оддржи по 11-ти пат. Од 28 септември до 02 октомври 2022 во Ниш, Србија. Претходните изданија се одржуваа во Бачка Топола.
Во испратениот е маил на г-дин Вулин до СП БТР Продукција, и до режисерот и ко-сценарист на документарниот филм „Небо, Точак, Земја„ г-дин Зоран Димов, се вели дека документарецот е еден од наградените филмови на овој фестивал и затоа официјално е поканет да земе учество на овој фестивал за да Димов ја подигне наградата.
Инаку документарниот филм „Небо, Точак. Земја„ ја разработува темата на потеклото, историјата, преселбите, холокасутот, традицијата, културата, политичкитре и други движења од пред 1000 години па се до ден денешен. Филмот е снимен во 2019 година на локации од 14 разни држави.