Во 1996 година Шуто Оризари заедно со двете села околу него — Горно и Долно Оризари, формираат самостојна административна единица — општината Шуто Оризари.
Шуто Оризари почна да се развива по катастрофалниот земјотрес од 1963 г. По обновата на Скопје и неговата околина на местото на денешниот населбата започнува да се населува претежно ромското население. Денеска Шуто Оризари е едно од периферијата на денешно Скопје. Со Постепено Обликување на населбата,Општината Шуто Оризари почнува да добива изглед на урбанизирано приградско соседството .Со тек на време Шуто Оризари се здобива со свои административни и културни институции.
Општината Шуто Оризари е во состав на Град Скопје и единствена ромска општина во светот во која Ромите имаат свој градоначалник и можат да ги остваруваат своите национални права. Општината се наоѓа во северниот дел на територијата на градот Скопје. Актуелен градоначалник на општината е Курто Дудуш. Досегашни градонаќалници на Шуто Оризари беа: Неждет Мустафа, Ердуан Исеин, и Елвис Бајрам. Исто така градоначалничка функција се здоби и Амди Бајрам, но поради издржување на затворкс казна во Шуто Оризари имаше повторен избор.