Дорин Чоаба самопрогласениот ромски крал од Романија повторно манипулира, организира нелегален 12- ти Ромски Конгрес во неговиот град Сибиу, Романија

Официјалната Интернационална Ромска Унија– ИРУ со седиште во Виена, и свој ECOSOC статус во ОН и свои преставници во Њујорк, Виена и Женева, со свој офис во ЕУ во Брисел, и легално избран претседател Зоран Димов од страна на над 70 ИРУ делегати од 50 држави кој беше избран на редовниот 11-ти Конгрес на ИРУ во 2020 преку соопштение реагира на повторната манипулација од страна на Дорин Чоаба самопрогласениот ромски крал од Сибиу Романија.

Тој во јавноста преку социјалните мрежи споделува видеа и статуси дека „го организира 12-от Ромски Конгрес на ИРУ„. Тој оваа „маскарада и манипулација„ ја организира нелегално и манипулаторски токму во неговиот град Сибиу, Романија, Неговата „игра„ е толку проѕирна„ со тоа што се преставува како „нејзин претседател „, и со фалсификувани печати и меморандуми на ИРУ ги заверува самодонесените „Одлуки, барања и заклучоци„

Инаку Дорин Чоаба е познат и од порано како човек каде романските власти го гонат за одредени криминални дејствиа, како и проневера на државни средства , затајување данок и сл.

Чоаба користејќи ја социјалната исклученост и сиромаштија на Романските Роми, манипулирал и профитирал на грб на сиромашните Роми од Романија, како и Ромите кои беа жртви на Холокаустот.

Во врска со неговите сомнителни дејствија пишуваа и романските медиуми.

Инаку редовниот Конгрес на ИРУ според Статутот на ИРУ се одржува на секои 4 години, и по логичен редослед следниот 12-ти треба да се одржи во 2024 година.

За да успее во својот план и да се наметне како „легитимен„ тој на својата листа на присутни вметнува и луѓе кои немаат никаква допирна точка со ИРУ, а на таа листа преовладуваат процентуално најголем број на имиња  на негови „блиски пријатели од Романија„ и опкружувањето.

Реакцијата на официјалниот и валиден ИРУ на чело со претседателот Зоран Димов, е од аспект, да не се донесе заблуда во јавноста и официјалните меѓинународни институции како и  институционалните партнери и соработници на ИРУ.

Дорин Чоаба одсекогаш е подготвен на манипулирање со јавноста се со цел да тој и неговите блиски соработници да профитираат на грбот на ромскиот народ,

Поради ова ИРУ ќе испрати свои дописи и реакции до сите релевантни меѓународни  институции  во ОН и нејзините пропратни организации, до Европската Унија и сите пропратни институции како и воедно допис и реакција до Владата на Романија да ја преиспита валидноста на овој настан - стои во информацијата на Кабинетот на официјалната Интернационална Ромска Унија – ИРУ со седиште во Виена.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 118 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата