Селими до Арсовска: Граѓаните од Топаана бараат да се реконструира заборавена улица, а ФК Напредок – 65, Шутка од Шуто Оризари да имаат терен за одржување на натпревари

Неодамна на дневен ред во Советот на Град Скопје беше преложен амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 10 милиони денари (150.000 евра)во категорија програма за изградба и реконструкција на локални патишта, категорија 4 8 2 други градежни објекти за нова стапка за меѓуопштинска соработка за реконструкција и санација на улица Максут Садик во општина Чаир. Но истиот тој амандман градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го одби со аргумент дека од ставката за зеленило е неприфатливо да се крати.

 

Советникот Ерџан Селими од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата појасни:

„Би сакал да дадам еден краток осврт и образложение за што поточно се работи, потребата од поднесување на еден ваков амандман произлегува од лошата состојба во која се наоѓа оваа улица, поточно Максут Садик. Се работи значи за една заборавена уличка, многу френкветна, илјадници возила поминуваат низ таа улица, а истата се наоѓа во централното градско подрачје на градот Скопје и го поврзува општините Центар со Чаир и обратно“,  Селими додаде дека реконструкција на улицата е по барање на жителите. Со реконструкција на оваа улица истовремено ќе се олесни и ќе се растерети сообраќајот.

Амандманот во предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2022 година да се предвидат средства во висина од 3 милиони денари (50.000 евра)во програмата за спорт и рекреација – капитални трошоци, категорија 4 8 2 други градежни објекти за реализација на проект за реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Напредок – 65, Шутка.

Овој амандман од страна на кабинетот на градоначалничката не беше прифатен. „Теренот е во една екстремно лоша состојба, и истиот не е во можност да се користи за тренинг и  одигрување на официјални фудбалски натпревари. Сега замислете при население од 40.000 жители, Шуто Оризари нема свое игралиште каде клубот ќе ги игра официјалните натпревари. При тој факт од страна на управата на клубот тие се приморани да бараат терен надвор од општината за истите натпревари да ги одиграат и при тоа не секогаш наидуваат на поддршка и помош“, појасни советникот Селими.

Тој посочи дека пред точно една недела клубот ФК Напредок – 65  Шутка требаше да одигра официјален натпревар иако се беше начелно договорено надвор од матичната општина да се одигра натпревар на друг терен, таму се појавија одредени луѓе кои што не дозволија натпреварот да се одржи.

„Навистина е жално што овие деца уште од млади години на своја кожа ја чувствуваат таа голема обесправеност и разочараност“, нагласи советникот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 116 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот