Битиќи: Градиме солидарно едно општество за сите и ќе овозможиме целосна социјална инклузија на Ромите

Водејќи се од заложбите кои произлегуваат од Познан декларацијата за земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамките на Берлинскиот процес на проширување на ЕУ, Македонија оваа година подготви и усвои нова Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030 по насоките дадени во Стратешката рамка на ЕУ за Ромите, рече заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Покрај ова, во програмата на Владата 2020 – 2024 инкорпорирани се различни мерки за поддршка и инклузија на Ромите, како активни мерки за вработување, унапредување на законската регулатива и формализирање на работата. Инвестирањето во развојот на ромската заедница има долгорочни придобивки, во поглед на подобрувањето на социјалната кохезија и економскиот статус за Ромите на долгорочен план.

Тој додаде дека Владата е определена да гради инклузивно општество и ќе овозможи целосна социјална инклузија и на граѓаните Роми во Македонија.

„Ние сме решени на тоа. Клучно е дека постои политичка волја за вистинска имплементација на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и за следење на сите европски препораки кои се однесуваат на инклузија на Ромите во општествата. Владините антикризни мерки кои беа одговор на кризите беа наменети за заштита на најранливите категории граѓани. Од почетокот на енергетската и економска криза, Владата даде енергичен одговор, со цел никој да не остане изоставен.

Во рамки на мерките за поддршка на компаниите, пак, се предвидува проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање.

Во 2021 година преку Развојната банка беа подржани 17 ромски бизниси. Истовремено, продолжува можноста за формализација на дејноста преку самовработување со грантови каде што се зголемува бројот на Роми коишто формираат и регистрираат свои сопствени бизниси во рамките на Оперативниот план за активни мерки и досега околу 70 лица ја искористиле оваа можност“, рече Битиќи.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 469 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот