Светска банка подготвена да го поддржи локалниот економски развој во Шуто Оризари

На средбата, како што соопштува Општина Шуто Оризари, била дискутирана кредитоспособноста на жените преку модел на здружување што подразбира вмрежување со бизнис инкубатори и континуирана комуникација со млади промотори за стекнување бизнис вештини, фасцилитирање, финансиско описменување и штедење.

–Можности, менторство и економска реинтеграција им е потребна на Ромите, особено на жените Ромки за отпочнување на бизнис.

За стекнување на влијателно економско претпријатие, неопходно е правилно формирање на цената на производот или услугата, изнаоѓање механизми за одржливост на пазарот на трудот, проширување на бизнисот преку посебни вештини и алатки, маркетинг и познавање на основните бизнис концепти, истакна Срџан Амет од Секторот за локален економски развој.

Развивање на локален туризам или ,,community based tourism” е исто така една од можностите за унапредување на животниот стандард.

Општина Шуто Оризари, првпат оформи одделение за локален економски развој што е важен предуслов за поддршка на нови инвестиции и воспоставување економски односи.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот