Курто Дудуш и Исмаил Демир постигнаа договор - судска опомена

Курто Дудуш градоначалникот на општина Шуто Оризари денеска од судијата Ѓоко Ристов од Кривичниот суд „заработи“ пресуда судска опомена по однос на поднесената приватна тужба од тужителот Демир Исмаил.

Тој беше обвинет за нанесување на телесна повреда. Исмаил во тужбата имаше наведено дека лани на ромски бал кој се одржувал во „Александар палас“ бил удрен од Дудуш.

Исмаил сметаше дека причина за нападот е тоа што неговата организација донира храна и облека за жителите на општината, но тоа не му се допаднало на Дудуш и се обидувал да го спречи.

Денеска целиот процес започна и заврши во безмалку дваесетина минути. Тужениот и тужителот пред почетокот на главната расправа заедно со своите адвокати постигнаа согласност, обвинетиот да го признае делото и со тоа да заврши судскиот процес.

Обвинетиот градоначалник на Шуто Оризари во својата одбрана пред судскиот совет рече дека настанот за се случил во афектна состојба .

– Официјално му се извинувам. Да можам да го вратам времето, ова немаше да се случи – рече кратко и јасно обвинетиот Дудуш.

Мики Вујиќ, адвокатот на Дудуш рече дека многу му е мило што еден ваков настан се решил на цивилизациски начин и културно.

Оштетениот Исмаил пак нагласи дека ќе поднесе граѓанска тужба за парична оштета против Дудуш и добиените пари ќе ги донира за децата без родители.

Откако двете страни во брзата постапка се изјаснија по однос на тужбата, на судијата Ристов не му остана ништо друго освен на обвинетиот да му пресуди судска опомена.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 194 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот