„Празни ординации без матични лекари во Шуто Оризари“

После осум месеци работење, ординацијата на матичен лекар на: ПЗУ Никоб Медикал ,во Здравствениот дом – Скопје Шуто Оризари е затворена. Имено, од 01.08.2022 година без никакво известување и најавување не работи ординацијата на матичен лекар. Докторката беше ангажирана од ПЗУ Никоб Медикал, и со пријавени 169 пациенти кои ја избраа за матичен лекар. По заминувањето на докторката овие пациентии се соочуваат со огромен проблем: неможат да изберат матичен лекар, бидејќи останатите матични лекари во Здравствениот дом – Скопје Шуто Оризари не можат да ги прифат поради голем број на пациенти. Дел од пациентите не можат да си ја препишат редовната хронична терапија како и потребни анализи и прегледи поврзани и со Ковид-19 пандемијата.

За ова дознавме кога, пациент на докторката се јави на преглед за боледување, но не можеше да го регулира бидејќи ординацијата е затворена и нема активна пријава на матичен лекар. Ова дополнително ја влошило состојбата на работното место каде што бил пред отпуштање на работата.

Со цел да ја дознаеме состојбата со ординацијата испративме барања за пристап до информации од јавен карактер до: Здравствен дом Скопје, ПЗУ Никоб Медикал и Фонд за здравстевно осигурување.

Како одговор од ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ добивме дека причинатата поради која што си заминала докторката е тоа што имала само 169 пациенти, мала и недоволна бројка за матичен лекар. Исто така како причини за заминувањето беа наведени и големите трошоци и расходи во однос на опрема, простор и кадар. како и тоа што беа генерирани

По добиен одговор од ПЗУ НИКОВ МЕДИКАЛ увидовме дека докторката има склучено договор за вработување со ПЗУ Никоб Медикал од 28.05.2022 година. Причина за затворање е тоа што беа генерирани големи трошоци и расходи во однос на простор, опрема и кадар. И покрај очекувањата дека голем број на пациенти имаат потреба од матичен доктор по општа медицина, сепак во ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ Скопје во просториите на Здравствениот дом во Шуто Оризари беа пријавени само 169 пациенти.

Од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) добивме одговор дека докторката има склучено договор со ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ од 22.09.2021 до 31.12.2026 година. За престанокот на работниот однос на докторката со датум на важност 05.08.2022 година е утврдено од Базата на податоци на Фондот, со причина спогодбен престанок на работен однос. Со истиот датум ќе бидат одјавени сите пациенти кои ја имаат избрано за матичен лекар.

Од Здравствен дом Скопје ни одговориле дека не располагаат со никакви податоци и дека имател на тие информации е исклучиво правниот субјект ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ. Не известиле дека Здравствениот дом Скопје, како давател на простор за вршење на здравствена дејност и понатаму ќе продолжи да објавува огласи за издавање на ординациите по општа медицина во наведената поликлиника, со цел непречно, континуирано одвивање на дејноста и унапредување на здравстевниот статус на граѓаните од оваа општина.

Согласно нашите теренски информации од заедницата имаме информации дека во овој период иако мал број пациенти ја имаат избрано како матична докторката, како причина наведуваат дека се обратиле во ординацијата беа одбиени поради „колегијалноста“.

Воедно го потсетуваме Министерството за здравсто и надлежните институции дека во амбулантата во Шуто Оризари се потребни ординации на матични лекари и системски и трајни решенија заедно со Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да воведат измени во вреднувањето на капитациониот бод и дополнителни мотивациски финансиски средства поволни за нови концесионери каде што недостигаат.

Потребно е Здравствен дом – Скопје веднаш и итно да назначи управител за менаџирање во Шуто Оризари!

Матичните лекари треба да бидат достапни за секого, во спротивно жителните од општина Шуто Оризари ќе се доведат со ризични последци по нивното здравје и потребна е еднаква, пропорцијонална територијална распределба на матичните лекари!

 

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

 

Link: https://24vakti.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b8-%d0%be%d1%80%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8-%d0%b1%d0%b5%d0%b7-%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%bd%d0%b8-%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b8/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 191 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот