Вакциналниот караван „тргна“ од Шуто Оризари

Со посета на Шуто Оризари, вчера почна караванот за вакцинација против ковид-19, кој во следните две недели ќе опфати 14 општини низ државата. На настанот присуствуваше министерот за здравство, Беким Сали, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани, како и претставници од СЗО и УСАИД.

- Ја приближуваме вакцинацијата до граѓаните кои се уште не се вакцинирани, поблиску до местото на живеење, со прецизно време и локација, согласно однапред направен распоред. На секое од овие места граѓаните покрај можноста да се имунизираат, тука може да се информираат и за придобивките од имунизацијата против ковид-19 - рече министерот Сали. Сите заинтересирани граѓани може да се вакцинираат на 14-те локации од организираниот караван, а секој работен ден и во најблискиот Здравствен дом. Вакцините се многу побезбеден начин за развивање имунитет кон ковид-19, отколку заразување со вирусот и докажано нудат посигурна заштита од природниот имунитет.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 132 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот