Колумна на Зоран Димов: Владата на РС Македонија од буџетот за 2021 за Ромите одвои близу 1 милион евра. Дали се доволни?

Со крајот на годината, на дневна точка дојде и гласање за планираниот Буџет на Македонија за 2021. Се изгласа и се донесе досега најголемиот Буџет во виснина од околу 4 милијарди евра. Во тој буџет планирани се средства и за поддршка на Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите. Одвоени близу 60 милиони денари или близу 1 милион евра.
Знаејќи дека минатогодишниот Буџет одвоени за Ромите изнесуваше скоро 300.000 евра помалку од овогодишниот, некој би рекол: „Супер! Го зголемиле буџетот за Ромите„
Но се поставува и дополнително прашањето, и констатацијата дека токму тие 300.000 евра не беа искористени и беа пренаменети, ова повеќе доаѓа логично дека тие пари се свушност дел од несикористените средства.
Втор момент е дека севкупниот буџет изнесува 4 милијарди евра, а за Ромите се одвоени се 1 милион. Дали се доволни? Но да одиме по ред. Евидентно е дека за Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите во нашата држава одвоените средства се насочени кон неколку области и тоа: Министерство за Транспорт и врски околу 325 илијади евра. Министерство за труд и социјална политика со се донациите 180 илијади евра, Министерството за образование и наука заедно со се донациите околу 395 илијади евра и во Здравството околу 65 илјади евра. Најверојатно тие средства се одвоени по однапред планирани активности, но колку институциите (министерствата и општините) ќе имаат вистинска волја и капацитети да ги реализираат тоа е веќе друго прашање. На хартија стои, но во реалноста колку ќе се сработи веќе е друго прашање. Например. Ако во Министерството за транпсорт и врски се планирани околу 325 илјади евра тие најверојатно ќе треба да се искористат за инфраструктурни решенија, улици, патишта, водовод, канализација низ ромските населби. Но каде се средствата за домување? Ако во Министерството за Труд и социјална политика заедно со се донации се планирани околу 180 илијади евра, околу 35.000 евра се наменети за градинките, останатите за Ромските информативни Центри – РИЦ-ови каде стои покрај постоечките да се отвореле уште неколку на цела територија на Македонија. Но дали ќе се отворат и дали ќе се искористат. Што ке работат, дали има отчет за сработеното, со каква школска подготовка ќе бидат вработените кој ќе бидат критериумите за вработување, тоа е друго прашање. Најголем буџет е одвоен во МОН од вкупно 395 илјади каде за средношколски стипендии се планирани околу 213 илијади евра, а останатите околу 180.000 евра за образовните медијатори, како и дел во основното образование. Тука наместо тие образовни медијатори или педагошки асистенти да влезат под ингеренции на општините и училиштата кои гравитираат во тие општини, може многу лесно тие останати 180 илијади евра да се искористат за други приоритети. Пример многу е лесно на територија на цела држава да се вклучат околу 15-тина општини да ги превземат тие обарозвни – педагошки помошници товарот еднакво да се подели, тој нема да изнесува повеќе од 10.000 евра по општина на годишно ниво! Тоа е смешна сума а сепак ќе има вработување на ромски наставен кадар по општините кој ќе бидат од голема корист на училиштата, родителите па и самите деца.
Најмалку одвоени средства има во Здравството само околу 65 илјади евра, кои се планирани најповеќе за финансиска подршка на тие здравствени ромски медијатори. Тие по правило би требало да бидат вработени во здравсвениот систем како патринажни сестри. Ако е потребно да имаат и дополнителна обука.
Но поентата е следна. Одовени се скоро 1 милион евра, но дали се доволни. Факт е дека нема средства одвоено ниту за Министерствата како што се за Култура, За животна средина и просторно планирање, политички системи и односи меѓу заедниците, ниту пак евентуално занекои посебни програми за вработување на Ромите во агенциите за вработување. Буквално произлегува дека од Буџетот на македонија за Ромите се одвоени само околу 0.025%. Пластично објаснето од севкупно 100 евра, за Имплементација на Декадата и стратегијата на Ромите довоиле „цели„ 0.025 центи. Ќе се интегрираме и те како! Сепак мора да се признае дека оваа Влада до сега одвоила највеќе средства за Ромската заедница!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 193 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот