Колумна на Зоран Димов: 2021 година за Ромите уште потешка од 2020 година!c

Еве веќе сме на самиот крај на оваа за многумина една од најтешките години. 2020 нема да остане во сеќавање по убаво туку напротив, таа е обележана како една од најлошите. За тоа 95% придонесе општата пандемија со Ковид 19 која повлече негативни ефекти во секојдневието на човекот од секој аспект. Овој светски феномен не ја заобиколи ни нашата држава, а исто и Ромите кој живеат во неа.
2020 година од економски и социјален аспект направи една огромна дупка. Но што е најстрашно, без разлика дали ќе стивне оваа пандемија, штетите и последиците се огромни , и всушнсот од економски план токму 2021 година ќе биде само сумирање и пребројување на огромните загуби. Тоа значи ако Ромите биле економски најмаргинализирани со децении и векови, тоа значи дека и следната 2021 ќе биде уште потешка. Причината е едноставна затоа што во таа цела „мака„ кој ќе се сети на Ромите? Значи од економска дупка Ромите ќе бидат „последна дупка„ на приоритетите. Не ќе е прв пат.
Што се однесува до образованието и реформите кои се најавени, и тука не сум оптимист. Покрај тешкотиите со учење од далечина, поради немање на технички ресурси (лап- топ, компјутери, мобилен, таблети, интернет и сл ) ромските деца ќе бидат уште похендикепирани затоа што реформите во образованието се тотална непознаница за оваа категорија на граѓани. Втора дополнителна пречка е тоа што ниту еден ромски субјект не е вклучен во креирање на тие планови. На тоа се надоврзува и изучување на јазик како задолжителен каде ромскиот е трет официјален, а ниту се споменува. Значи 2021 ќе биде уште позаплеткана образовна година.
Од политички аспект и ромскиот политички ангажман според досегашниот тек може да се претпостави дека 2021 година нема да има никаков прогресивен тек или поинаку кажано - на Ромите не им се пишува ништо добро од тој аспект. Тоа е затоа што во моментот нема политичка партија или лидер кој е фактор на одлучување, а се се сведува и на добропознатата ромска реторика – разеднување на ситни делови. Доколку нема некое окрупнување тогаш иднината на Ромите е незивесна, Тука се надворзува и актуелниот момент со Локалните избори планирани за 2021 во октомври. Според проекциите по се изгледа за градоначлничката функција во Ш.Оризари ќе се води помеѓу неколку струи , која по се изгледа кедна од нив ќе биде и онаа дека време е за прв женски градоначалник на Ш.Оризари. Барем такви амбиции се надѕираат од актуелното раководство на општината.
Но факт е дека за да се води една општина без разлика кој и да е потребно е добро менаџирање и имплементација на проекти. Ќе се види и тој дел на кој начин ќе се искористат и тие 1 милион евра доделени од Владата на општината Ш.Оризари за инфраструктурни проекти .
Околу вработувањето поради пандемијата со Ковид општо познато е дека згаснаа мвогу работни места а директно засегнати беа и Ромите. Исто така дали во 2021 година ќе се сети и некој на Ромите дека и на ним им е потребна работа за економско оздравување. Тешко! Сега Владата најавува и петти пакет економски мерки за бизнисите, но дали ќе има некој посебен програм и за Ромите , тоа е многу тешко да се каже. Уствари шансите да се нема се огромни, отколку дека ќе има. А исто се прашувам дали некој ќе се потруди на тие Ромски фирми и бизнисмени да им објасни или направи обука на кој начин ќе можат да аплицираат.
Еден од главните моменти во 2021 година е и пописот на население. Тој е планиран некаде во Април 2021. Според претходните пописи Ромите беа трети по бројност после Македонците и Албанците. Оваа статистичка операција е многу битна, затоа што во нашата држава се функционира според застапеноста. Потребно е сега Ромите да се свесни и мобилни за тој момент. Но дали ќе биде така? Уште на старт се чини Ромите се во минус 2000 лица. Тоа е поради фактот со овие нови 700 фантоми кој ќе се стекнат со некаков документ, но дали е доволен за пописната графа да се пишат како Роми? Исто така се знае дека уште нешто над 1000 не се ни регистрирани а се знае дека се тука –постојат. Пописот е момент на вистината. Но сепак се знае од минатато дали тие Роми во минатото , па и сегашноста ќе може да се претопат во некоја друга националност како што се Македонци, Албанци, Турци и др. Ризикот е ток. Во Западна Македонија може Ромите лесно да станат Албанци. Во Централниот и јужен дел на Македонија – Македонци а оние од источниот и југоситочниот дел – Турци.
А за квоти за вработување или пак стипендии веднаш се како камелеони , веднаш ќе се сетат дека се - Роми.
Тоа е тажната наша ромска реалност. 2020 беше црна, но според мене 2021 ќе биде уште поцрна, Црна како и нашата боја на кожата. Да не си во кожата на Ромите!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 44 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот