„Во спомен на Есма...„ Во МКЦ кино „Фросина„ пред преполната сала, вечер на емоции, песни и позитивни вибрации

„Есма беше наш амбасадор, но не акредитирана од државните институции и со одреден мандат, туку акредитирана од народот со срце и со безвременски мандат “, рече водителот Рамуш Муарем-Цирко сношти во киното Фросина во Скопје, на отварање на настанот „Во спомен на Есма за незаборав“.

Концертот кој го организираа хуманитарната организација „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ и продукцијата „БТР“ беше по повод 80 години од раѓањето на кралицата на ромската и македонската народна песна, еден од нашите најголеми светски културни амбасадори.

Една од пејачките на концертот, Харија Бислим, има само 13 години, истите години на кои Есма почнала да пее, криејќи од родителите дека оди на натпреварот „Микрофонот е ваш“, на кој потоа и победила. Со чистиот вокал и богатата интерпретација, младата Харија потсетува на Есма, но за неа нема копија и замена, како што рече водителот на настанот. Настапи и дедо ѝ на најмладата пејачка, Рамадан Бислим-Рамко, познат пејач на ромската музика, а ја испеа песната која Есма со мерак ја пееше, „Свадба македонска“, и ја разнежи, но и разигра публиката.

„За нашата мајче нема замена, нема копија, таа е една и единствена. Заслужила и многу повеќе од ова“, кажаа повеќето од пејачите пред своите настапи.

Настапи и фолк-пејачката Сузана Гавазова, која рече дека Есма ѝ била идол, а Анета Љумаковска при крајот на концертот ја испеа една од најзначајните песни на Есма на македонски, „Чекај животе“. Во придружба на оркестарот „Титаник“, со дел од репертоарот на Есма настапија и популарнитеи Ервин Аметовски и Бернат Демирали.

Во шестминутен документарец се прикажа мал дел од богатиот живот на Есма. Во својата поема „Кралицата од Маџир Маало“, Реџепова убаво ја опиша новинарката Валентина Парго.

На крајот од концертот, организаторот Зоран Димов пред да ги повика сите пејачи заедно и ја испеаја „Чхајорие шукарије“, во својот поздравен говор рече: „Таа беше жена со големо срце. Ми овозможи да ја сместам телевизијата во просториите на нејзиниот дом. Секогаш ми велеше „ не се грижи, ќе биде добро, ќе успееш, јас сум тука да ти помогнам“. Многу хуманитарни настани организиравме заедно, за сиромашни, болни. Велеше дека богатиот треба да му дава на сиромавиот. Ја сметав за втора мајка– вели Димков. Заедно со сите учесници, за време на целиот концерт, учествуваа членови на ансамблот „Студио фолклор Скопје“, облечени во стилот на Есма.

Импресиите на сите присутни беа едногласни, дека беше многу убаво, и дека Есма заслужува вакви настани традиционално секоја година и во поголем простор.

Настанот го потпомогнаа Министерстовот за култура, како и Градот Скопје. Свој придонес во помагање имаше и ПАКОМАК, а целиот настан го снимаа Телевизија Телма. Фотографиите се дело на фоторепортерот Митко Јанев

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 199 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот