Скандал во балканскиот профи бокс - Починатиот бугарски боксер се борел под друго име – Исус е жив, починал Борис!

Бугарскиот боксер, кој почина во меч во Шкодра, Албанија, се викал Борис Станчов, а не Исус Величков, како што беше соопштено од Бугарскиот боксерски професионален сојуз. Станчев се качил и влегол во рингот под име на Величков, јавуваат бугарските медиуми.

Самиот Величков, пак, со статус на социјалните мрежи изрази жалење за смртта на својот колега.

Почивај во мир, шампионе! Секогаш ќе те носам во срцето, напиша Величков.

Засега се уште не е јасно како дошло до смена на имињата и на документите. Целата ситуација треба да ја расчисти раководството на Бугарскиот боксерски професионален сојуз.

Бугарскиот боксер Борис Станчов имал 21 година и почина во болница во Албанија. Според локалните албански медиуми, тој не починал од нанесени удари во текот на мечот, туку од срцев удар. Се очекува обдукцијата да го даде конечниот збор.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 129 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот