ИРУ реагира: „Дали Декларација за правата на Ромите е дело на пратеникот Самка Ибраимовски или се кити со „туѓи перја„?

Во среда во Собранието на РМ на состанок на Советот на интерпарламентарната група имаше состанок, каде пратеникот Самка Ибраимовски ја престави Декларацијата за правата на Ромите во РМ. Според неговите тврдења, таа Декларација е негова идеја и негово дело. Веднаш потоа се разви бурна дискусија на социјалните мрежи, меѓу кои и Претседателот на ИРУ, Зоран Димов, покажа сомнеж дека таа Декларација е всушност превземена и препишана од Стратешката рамка 2019 -2021 и Стартешката резолуција насловена како „Роми во криза: Нација во движење „ подготвена од Интернационалната Ромска Унија -ИРУ . Овие два важни документи беа донесени после развиени дискусии и состаноци помеѓу делегатите на ИРУ во текот на 2018 воедно покрај членовите на ИРУ во составување на тие стратешки документи учествуваа и експерти од тие области. Истите документи веќе се испратени и во ОН и ЕУ како и објавени на Веб страницата на ИРУ - https://iromaniunion.org/ Поради тој сомнеж на социјалните мрежи се разви дискусија каде меѓу другото во своите коментари на ФБ самиот пратеник Ибраимовски јавно тврди дека тоа е негово дело, и дека не е превземена Декларацијата од никого негирајќи го моментот дека тој ја превзел од други, но при тоа не ја прикажал содржината на таа декларација, со додавка дека сеуште не е довршена како и дека ќе има и Резолуција, која подоцна ќе ја презентирал. Покрај сите тие тврдења ИРУ реагира дека тие документи се креирани од нивна страна каде се опфатени сите Роми од светот (вклучувајќи ги и Ромите од Р.Македонија), и дека постои сомнеж дека тој документ е даден од страна на еден од тимот на експерти кој беше индиректно вклучен во негова креација, за потоа да биде даден можеби и на Самка Ибраимовски. Воедно во претходните тврдења од страна на пратеникот Ибраимовски, поради несогласувања што индивидуални, што партиски и по расколот и смена на претходниот министер без ресор Аксел Ахмедовски, и борбата за таа позиција, имињата на кандидати се до назначување на актуелниот министер без ресор Бајрам Музафер, имаше препукувања и раскол во самата партија ПЦЕР и поделба на западен и источен блок. Кога работата со назначување на министер без ресор заврши, мислење е дека поради сомнежот дека тој раскол во ПЦЕР е дело на некои НВО од источниот блок, излезе со тврдења дека Ромскиот НВО сектор во изминатите години проневериле над 25 милиони долари, а резултатите ги нема! Тој јавно преку социјалните мрежи ги истакна тие сомнежи и обвинувања. Се поставува прашање, зошто Самка досега не реагирал на тие сознанија, и ако веќе има сознанија кој од Ромските, па и неРомските НВО , ги добил тие средства да даде листа на увид и да покаже, или попопуларно наречено нека направи „Бела книга„ за да не го става целиот Ромски НВО сектор во ист кош. Има институции кои ќе се занимаваат со тој проблем, а не јавно да „оцрнува„ НВО-а кои можеби работат транспрентно, отчетно и правилно. Но исто така би било уште потранспарентно доколку и самиот се понуди да даде извештај за неговиот досегашен придонес и како пратеник, па и како Министер без ресор, за сработеното и каде се дадени сите тие средства кои му беа доделени да располага. Во секој случај според најавите ИРУ нема да застане тука, и на сите начини ќе бара одговор и вистина во горенаведените толкувања.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 108 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот