Нема повеќе планирање без Роми, бара ИРУ

Реакција на ИРУ поповод  дискусијата на тема "Дали на ЕУ и требаат Ромите за да закрепнe" организирана од Клара Добрев, Заменик-претседателка на Европскиот Парламент

 

„Ништо за нас без нас„

 

ИРУ како најстара и најголема ромска организација преставена од нејзини околу 100 Роми делегати и членови од над 70 држави , реагира до Европските институции (ЕП, ЕК, СЕ и сл) испраќа свое видување и реакција, поповод ФБ дискусијата дискусијата на тема "Дали на ЕУ и требаат Ромите за да закрепнe" организирана од страна на Жељко Јовановиќ, Фондација Отворено Општество и Клара Добрев, Заменик-претседателка на Европскиот Парламент, а на која присуствуваат високи преставници од Европските институции како што се: Давид Сасоли, Претседател на Европскиот Парламент, ихаел Рот, Државен Секретар за Европа – Германија, Забине Ферхајен, Европратеничка, Европска Народна Партија,Петрика Дулгеру, Ромска Иницијатива за развој на претприемништвото, Драгош Пислару, Европратеник, Европска Обнова, Хејди Хаутала, Европратеник, Партија на Зелените и Вера Јурова, Заменик-претседателка на Европската Комисија

 

Тоа што нас како ИРУ не зачудува и длабоко сме разочарани е тоа што како прво и основно меѓу поканетите нема ниту еден ЕУ парламентарен преставник на Ромите и Синтите. Да се дискутира и дебатира во ова време на криза со КОВИД 19 а тесно поврзана и според насловот на темата "Дали на ЕУ и требаат Ромите за да закрепнe"логично е да бидат инволвирани и Роми преставници кога се дискутира за социјални, економски и политички прашања поврзани со Роми, пред се дискусии за фондовите наменети за Ромите.

Денешната  можност за дебата беше првенствено големо потценување на капацитетот на тројцата парламентарци на ЕУ од ромската заедница - Ливија Јарока, Петар Полак и Ромео Франц.

 

Според добиените информации, ИРУ дозна дека приоритет на дебатата ќе биде 1,2 трилион евра буџет за наредните години, а тој дел од тие средства ќе бидат земени од буџетот наменет за Ромите.

 

За потсетување на вакви курцијални прашања потребно е и учество во дебатата ромски преставници меѓу кој спаѓа и нашата ИРУ. Таа има и капацитет и човечки ресурси рамноправно учество на вакви дебати. Tука се и други релевантни ромски организации како што се например  IRU, ERTF, ERGO, ERIO, IREM, ERNC, PENJALIPE, KATIF, RIP и други.

.

На што се должи оваа „селективност„ во одбир на дискутанти без ромски фактори е дискутабилно.

 

 

 

Не би сакале да преудицираме но ИРУ забележува дека е многу значајно да се дознае како што велат некои извори, зошто оваа година 1.1 милијарда од кој 700 милиони евра од фондовите беа пренамени за други намени, и каде се останатите 400 милиони евра од вкупната 1.1 милијарда евра за кои им се губи секоја трага, но со амин на Европскиот Парламент и Европската Комисија. 

 

Конечно, нашата реакција на дебатата е да се постави прашањето за предложените нацрт-закони на ЕУ. Би било добро за претставниците на Ромите во Европскиот парламент, кои преку овие нацрт-закони бараат ставање крај на дискриминацијата врз Ромите и поголема посветеност на ЕУ кон граѓанските права на европските Роми, а исто така и да не ги исклучуваат ромските меѓународни организации како што се ИРУ, ЕРТФ , ЕРГО, ЕРИО и други.

 

За потсетување, ИРУ веќе има подготвено и испратено изјава за ИРУ до Иницијативата за ЕП и ИРУ до ЕК преку нејзините европратеници, која е тесно поврзана и покажува некои мерки во акционите планови со цел во Ромската стратегија.

 

Искрено веруваме дека овие предлози и реакции ќе се реализираат со соработка и дека во иднина ние Ромите нема да бидеме „заборавени“.

 

Сепак „НИШТО ЗА НАС, БЕЗ НАС„

 

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 179 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот