ИРУ ги отвара ширум вратите за прием на нови членови

Интернационалната Ромска Унија –ИРУ како најстара и  најголема интернационална ромска организација, од самиот старт преточено и во Статутот на ИРУ функционира на база на почитување на демократијата, еднаквоста и транспарентноста. Тоа е целта -  чекор на патот кон градење на поширок мандат на сегашните па и идните ИРУ членови и делгати.

Со тоа се зголемува и самата легитимност, одговорност и политичкото влијание на претставувањето на Ромите.

 

Во таа насока ИРУ е активен преку својот ТИМ ЗА ЕДНАКВОСТ (ЕТ), кој главна задача е преку зголемување на бројот на членството на ИРУ преку активни членови, активни делегати и воедно надворешни членови (соработници).

Затоа ИРУ ја отвара ширум својата врата за прием внатре во организациската структура на ИРУ. Тоа ќе придонесе за зголемување на бројот на организации за соработка со ИРУ, зголемено влијание на ИРУ како и финансиска одржливост на ИРУ.

 

Со Вашето членство во ИРУ воедно ќе придонесете и Вие за се она за кој се залага и ИРУ а тоа е - ги штити правата на Ромите од целиот свет од сите негативни појави во сите форми на дискриминација, говор на омраза, сегрегација, нетолеранција, насилство и геноцид.

Основата на организацијата лежи во Декларацијата за човекови права на Обединетите нации, меѓународните инструменти за човекови права и основните права загарантирани во националните закони. Организацијата ги промовира човековите права на секој начин.

ИРУ има свој статус на ECOSOC во Обединетите нации (ООН).

 

ИРУ има соработка и комуникација со властите и носителите на одлуки, локалните невладини организации и фондациите, како и со други организации како што се ЕК, ЕП, Светска банка, ООН, ОБСЕ, Светски цркви, Папата, Совет на Европа, ИОМ, ОБСЕ, ОДИХР и СЗО, УНИЦЕФ, Спасете ги децата, Светската визија, Амнести Интернешнл, WeMove Европа, Европската мрежа против сиромаштијата (ЕАПН), Медецинс Санс Фронтиерес (МСФ), ФАО и Црвениот крст.

 

Во таа насока ова преставува убава можност со Вашиот интелектуален капацитет, активност, искуство, знаење и сл, да бидете и вие дел од ИРУ.

Затоа би сакале да Ве информираме дека со ваше испратено CV и пополнета апликација на е маилот - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., можете да се пријавите и да се разгледа и Вашето барање за прием во ИРУ.

 

Тука превземте апликација

 

Со почит

 

Тимот на Еднаквост - ЕТ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 299 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот