Во ИРУ со новиот мандат функциите се поделени со полова еднаквост 50 % – 50%

11-от Конгрес на ИРУ кој заврши на 27 јуни 2020 година според учесниците (рекорден број на присутни – околу 100) помина во една прекрасна демократска атмосфера. Самиот чин на гласање – електронски и присутните делегати и членови на ИРУ се спроведе на најтранспарентен начин. Преку електронски пат преку ВЕБ платформата на ЕТ тимот а направена и дизајнирана од страна на Компанијата за IT технологија „Антон софт„ и нејзиниот директор Елвис Хајдар за новиот состав на ИРУ гласаа 82,7% додека против беа 17,3%, додека од страна на присутните делегати за новиот состав беше едногласно изгласан со 100% - ЗА.

Распределбата на функциите со мандат 2020 – 2024 која беше верификувана од Комисијата за гласање составена од Кхурам Кхан, Рамуш Муарем и Вели Хусеин беше следна: Претседател на ИРУ – Зоран Димов, Потпреседатели на ИРУ се назначени Ајтен Берлафа, Стефано Кузицов, Пунитас Синг и Др Вјандра Шарма. Претседател на ИРУ парламентото е назначена Розита Гронфорс, Поптпресзедатели на ИРУ Парламентото се Грацијано Халиловиќ и Радмила Нешиќ,.

Како континентални попреседатели на ИРУ се избрани Анатолиј Бутаков за С.Америка, Централна и Јужна Америка, Веранда Риши за Азија, Африка и Австралија како и Артур Квик за Руската федерација и поранешните советски републики.

За Висок Шеф ан ИРУ Комесаријатото е избран Кхурам Кхан, негов заменик Марија Еронен додека исто беа избрани и 12 Комесари во разни области и приоритети.

Како Генерален  секретар на ИРУ назначен е Рамуш Муарем, а секретар на ИРУ парламентот е назначена Ангелина Деметар – Тајкон. Благајник е назначен Вели Хусеин, Шеф на Ромскиот крис, Грегор Јулсон и за прв пат во ИРУ функцијата Ромски Омбдусамн се назначени тројца членови, Жељко Шајн од Србија, Нина Русаков од Белорусија и Александра Карагијани од Грција.

Воедно во ИРУ примени се нови 60 делегати од вкупно 38 држави.

Инаку во ИРУ со свое членство се застапени 55 држави од сите континенти во светот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 91 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот