На XI-от Конгрес на ИРУ, Зоран Димов со нов четригодишен мандат за Претседател на ИРУ

На 27 јуни 2020 година како што беше најавено преку Видео конференција се одржа редовниот XI-от Конгрес на ИРУ. За прв пат во својата историја ИРУ Конгресот беше организиран преку Видео конференција, поради општопознатата состојба со пандемијата со Ковид 19. Истовремено за прав пат и гласањето беше  спроведено покрај постојаните делегати и членови на ИРУ, и преку веб платформата на ЕТ ИРУ тимот, преку електронска пошта од страна на ромската нација насекаде низ светот. На видео конференцијата учествуваа рекорден број на делегати и членови на ИРУ (преку 100) од рекордни 55 држави од светот. Гласањето беше успешно спроведено и за идното раководство на ИРУ преку електронски пат ја дадоа подршката 82.7%, додека против беа 17, 3%.

Според тоа покрај верификација на другите функции за Претседател на ИРУ во следниот мандат 2020 -2024 година на функцијата Претседател е назначен досегашниот прв човек на ИРУ –Зоран Димов од Р.С Македонија.

Како потпреседатели на ИРУ назначени се Ајтен Берлафа - Финска, Стефано Кузицов- Шведска, Пунита Синг и Др Вијендра Шарма - Индија

На функцијата Претседател на ИРУ Парламентото е избрана Розита Гронфорс -Финска, додека потпреседатели на ИРУ Парламентото се назначени Грацијано Халиловиќ -Италија и Радмила Нешиќ -Србија.

Инаку исто така одбрани се и останатите функции межу кои како Главен Висок Комесар на ИРУ е избран Кхурам Кхан од Пакистан, и водено уште 12 Комесари на ИРУ.

Инаку за прв пат во историјата на ИРУ направен е прием на нови 60 ИРУ делгати и членови од 55 држави од целиот свет. Воедно беа назначени и координатори на ИРУ за секоја држава посебно.

 

Општа оценка е дека Конгресот на ИРУ беше над се успешно организиран, а во следниот период целото раководство на ИРУ ќе се фокусира во правење на планови и стратегии за периодот кој доаѓа со акцент за борба потив пандемијата со Ковид 19, и зацрвтување на позициите на ИРУ во меѓународни рамки.

Со своја подршка и успешна работа свои пораки испратија и преставници од Европската Унија, Европскиот Парламент меѓу кој и Потпреседателот на Европскиот парламент Ливија Јарока, какои европратеникот Питер Полак,  преставници од Европската Комисија , Амбасадори и други меѓународни организации и фондации како и интернационални здруженија и асоцијации.

 

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 99 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот