ИРУ

Се полни листата на присутни на Парламентот на ИРУ во Скопје од 27 до 30 Јуни - бројката е околу 100 гости од 50 држави во светот

Како што е најавено Скопје ќе биде домаќин на редовната Парламентарна сесија на Интернационалната Ромска Унија - ИРУ која ќе биде од 27 до 30 јуни оваа година. Во склоп на Парламентарната сесија покрај активностите на ИРУ Парламентот, ќе бидат организирани и паралелно неколку интересни содржини како што се Научни симпозиуми за Ромите и холокаустот, Научен симопзиум за Генезата, јазикот и историјата, за Традиционалниот Ромски Крис, како и Бизнис Форум и воедно за состојбата со ромите насекаде низ светот во форма на Публик Хиринг каде учество ќе земат и преставници на амбасадите кои се во нашата држава.

Ова побуди и голем интерес кај сите така што до сега листата на присутни гости и делегати брои близу стотина гости од 50 држави.

Најавени се гости од поголем број на европски држави како и држави кои се надвор од европското тло како што се од Азијското тло ( Пакистан, Индија) од далечниот Исток од Јапонија од Австралија како и од северно и јужно американско тло .

Од ова може да се заклучи дека организацијата на овој голем настан на чело со Претседателот на ИРУ, Зоран Димов, ќе ги очекува голема и договорна задача за да се реализираат сите планирани активности, каде на крајот ќе треба да се извлечат повеќе одлуки, заклучоци, декларации, соопштенија кој ќе придонесат повеќе кога е во прашање ромската заедница насекаде низ светот, затоа што токму главната мисија на ИРУ е токму тоа да ги барни интересите на ромската нација, и воедно да се подигнат што повеќе прашања на ова поле.

 

По повод сотојбата со Ромите во Италија - Наполи, реакција на ИРУ од Гратан Пуксон и Зоран Димов до премиерот Џузепе Конте

Во него се вели: Во својство на Претседател на Советот на министри, вие носите голем срам за Италија!

Иселувањето на 500 Роми, мажи, жени и деца во општината Џулијано во Кампанија, на 10 мај (вклучувајќи и 100 деца), е најновата нечовечка акција што ја презема државата и општините против Ромите и Синтите, за кои се знае дека се најранливата група на луѓе во Европа.

Ве потсетуваме дека треба да се изнјаде алтернативно ново сместување за сите овие семејства, во услови што се прифатливи. Создавате се повеќе и повеќе "внатрешно раселени" лица, потсетувајќи на оние за нас најцрни денови од фашизмот.

Апелираме да ја прекинете оваа политика на уништување на кампови, на илјадници животи. Бараме, да ги почитувате човековите права, да дозволите достоинството повторно да преовладува за сите граѓани и жители, вклучувајќи ги и граѓаните на ЕУ кои се надвор од Италија.

Италија, некогаш пофалена за вашата христијанска добротворна организација, сега ни останува само да ја осудиме оваа ваша нетолеранција и нечовечност.

Јас како претседател на Комисијата за демократска транзиција, заедно со Претседателот на ИРУ Зоран Димов ова прашање ќе биде на агендата на Состанокот на следниот ИРУ Парламент кој ќе се одржи во Скопје од 27-30 јуни„ стои во содржината на реакцијата на ова писмо до Премиерот на Италија Џузепе Конте

Зоран Димов Претседателот на ИРУ реагира: Полицискиата акција против Ромите во срцето на Европа - Белгија е без преседан!

Големата полициска акција во која учествуваа околу 1.200 полицијски службеници, а која се спроведе во утринските часови на 7 Мај 2019 година на 19 локации низ Белгија беше насочена кон Ромската заедница (Патувачи).

Обвинението за која се спроведе оваа акција е поради трговија со нелегално добиени возила.

ИРУ високо ја почитува работата на полицијата и справување со криминалците во белгиското општество, затоа што е потребно сите да се еднакви пред белгијскиот правен систем.

Но она што загрижува е начинот кој е спроведен при акцијата на овие масовни апсења. Полициската акција беше спроведена во над 200 акции, уапсени околу 80 Роми, и запленет и конфиксуван имот, предмети и каравани.

Истовремено при апсењата најголемиот дел од Ромите всушност беа веднаш потоа ослободени без да бидат испрашани, но нивниот имот и одземените предмет не им се вратени, така што сега има голем број на припадници на оваа заедница оставени под отворено небо без да им се најде адекватна замена за сместување.
Тоа значи дека апсење на невини луѓе без доказ или факт за направен криминал е неприфатливо во правниот систем.

Таков начин на реакција го буди црното минато од времето на масовни апсења и депортација по конц логорите за време на Холокаустот.

Уште повеќе загрижува фактот дека сето ова се случува пред очите и центарот на Европа во Белгија! Европа молчи, замижува и не реагира!

Дали со оваа форма на апсења Ромите се „жртвено јагне„ се во име на престојните Избори во Европскиот Парламент за да се подигне рејтингот и кампања за сите оние кандидати за пратенички места а се десно ориентирани и се познати по нивната анти ромска реторика.

Затоа и ИРУ нема да молчи и ќе реагира правовремено до сите европски и други меѓународни институции.

Истовремено ИРУ ги повикува белгијските надлежни органи при министерството за внатрешни работи да ги спроведе потребните активности и да им ги врати на Ромите Патници назад нивните каравани, нивните единствени домови.

Се бара запирање на апсењето на целата заедница за направените криминали на одредени поединци. Ги повикуваме организациите за човекови права да нѐ поддржат во изнаоѓањето начин да ја решиме оваа сложена состојба и да се направи конструктивен дијалог со белгиските и меѓународните власти.
Истовремено ИРУ апелира и до локалните или пак други ромски организации да не се обидуваат да ја манипулираат Ромите и јавноста да изиграваат спасители само во име на некој личен интерес и профит, врз грбот на овие несреќни Роми.

Во пресрет на 8 Април обраќање на Претседателот на ИРУ - Зоран Димов

Почитувани
 
Денес кога ја одбележуваме 48 годишнината од воспоставување на темелите на Ромскиот идентитет,  каде на 8 Април 1971 година во Лондон - Велика Британија се одржа Првиот Светски Ромски Конгрес, и воедно се донесоа одлуки на кој сите ние заедно сме горди дека постоиме како Роми, дека е официјализирано нашето ромско знаме и дека имаме наша химна „Џелем, Џелем„. Но истовремено и денес и по 48 години сеуште сме една од  најранливите заедници во светот, а тоа е  - Ромската заедница! 
 
Сите ние сме сведоци на се поголемиот замав на Анти ромското расположение, и големата нетрпеливост кон оваа заедница. Затоа  е потребно ние Интернационалната Ромска Унија -ИРУ како најстара и најголема организација која ја застапува оваа националност , да посочиме неколку важни елементи за елиминирање и запирање на овој негативен тренд
 
Потсетуваме  дека Европа и светот низ својата историја биле и сеуште се сведоци на порастот на расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата како  и кршење на основните човекови права токму кон Ромската заедница.
 
Затоа  ние како ИРУ сакаме да препорачаме неколку препораки до Обединетите Нации и европските институции и нејзините членки.
 
Тоа подразбира искажување на јасна политичка  волја за решавање на овие проблеми како и директна партиципација и на релевантниот ромски фактор, како што е Невладиниот ромски сектор, вклучувајќи ја тука и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ
 
Проблемите кој се актуелни и видливи ги има од сите полиња (социјала, економија, здравство, домување, медиуми, вработување, религија. култура, традиција и др )
 
Затоа потребна е поголема меѓусебна доверба и соработка помеѓу Ромската заедница и институциите на системот без разлика дали се работи на интернационално, национално или пак на локално ниво.
Потребна е заедничка координација и реализација на сите квалитетни стратегии, резолуции, програми и планови без поголеми одлагања и скратувања. Тоа подразбира исто и одвојување на средства за нивна реализација и воедно на тој план директно вклучување и на ромскиот фактор , како и воедно поголем мониторинг врз реализација на тие активности и поголема отчетност за спроведеното и понесување на одговорност за неспроведените програми. 
 
Секое нивно пролонгирање, игнорирање и селектирање доведовуаат до ситуации кои се случувале и во минатото и во сегашноста чии сведоци сме сите ние (во последно време добро познати ни се таквите случувања во некој од европските држави како што се Италија,Франција, Бугарија, Украина, Унгарија, Словачка, и др)
 
Потребно е исто така превземање на мерки за охрабрување на Ромската заедница да ги пријавува таквите случаи, и формирање на тела за следење и спроведување на мерки
 
Затоа чувствуваме потреба ние како ИРУ токму да ја искажеме нашата определба кон решавање на овие проблеми.
Инаку ИРУ токму за ваквите состојби превзеде акции и има подготвено Резолуција на ИРУ, Оперативна Стратешка Програма на ИРУ, и кој се веќе поднесени до ОН и ЕУ, и се очекува нивно реализирање.
 
Да напоменеме дека ИРУ пред две години даде идеа за отварање на Канцеларија за  Народен Ромски Омбудсман  и заедно со ЕРТФ -European Roma and Travellers Forum со седиште во Стразбур, кои имаат  заедничка соработка и членство во Советот на Европа, на својот последен одржан состанок во Хелсинки,Финска од 25 -27 Март 2019 година се договорија и поднесоа заедничка иницијатива за спроведување токму на таа идеја за отварање на Канцеларија за Народен Ромски Омбудсман со седиште во Стразбур , чија задача ќе биде следење и помагање на Ромската заедница во решавање на ромските прашања.
 
И на самиот крај со фактот дека се наближува периодот на Избор на Пратеници во Европскиот Парламент , ИРУ упатува јавна подршка и апел до сите идни кандидати за Европски пратеници, дека несебично ќе ги подржува, ќе ги мотивира и охрабрува сите кандидати кои во своите програми и агенди на делување ќе ги имаат за спроведување и реализација токму на овие битни точки , а то значи борба против расизмот, ксенофобијата, нетолеранцијата и дискриминацијата. Тука ИРУ ќе стои со сиот свој капацитет, кредибилитет и сето свое членство за безрезервна подршка при нивниот избор, и истовремено ќе стои на располагање во понатамошна реализација на сите заеднички зацртани планови и актовности.
 
Со почит
 
Зоран Димов
Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 267 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата