Граѓанските организации ја повикуваат Владата на РСМ да ја промени одлуката за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанското општество

Граѓанското општество и Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор ја повикуваат Владата на Република Северна Македонија да ја преиспита и промени својата одлука за драстично намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации, објавена во Службен весник на РСМ на 9 април 2020 година.

 

Оваа одлука со која финансиската поддршка, зависно од институцијата, или целосно се укинува или сериозно се намалува, е донесена на нетранспарентен начин, без консултација со граѓанските организации, засегнатите страни и пошироката јавност, што говори за непринципиелниот однос на Владата кон граѓанското општество во ова кризно време. Со одлуката со која се намалуваат приближно 525.000 евра неопходна поддршка, државата де-факто го иззема граѓанското општество како релевантен партнер во справувањето со кризата предизвикана од епидемијата на COVID-19.

 

Препознавајќи ја итноста на ситуацијата, граѓанските организации уште од самиот почеток на епидемијата многу брзо и ефикасно се мобилизираа, ги ставија на располагање сите свои ресурси и преку низа активности обезбедија директна и хуманитарна помош за најпогодените граѓани. Оваа брза реакција за преземање активности кои се од огромно значење за граѓаните, но и за директно справувањето со кризата, за жал Владата на РСМ не ја препознава како партнерство во борбата со COVID-19. Дотолку повеќе, одлуката за намалување на финансиската поддршка на Владата на РСМ сериозно ја отежнува одржливоста и тековната работа на организациите, особено во однос на нивната помош и поддршка на заедниците во време на криза.

 

Граѓанските организации се клучен сегмент во едно демократско општество, тие имаат вештини, знаење, услуги и пристап до приоритетните целни групи, коишто најчесто се многу посоодветни од оние на државните институции.

.

 

Официјалната реакција е доставена до Владата на РСМ, a целосниот текст можете да го најдете на следниот линк: https://bit.ly/34Pqbk7

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 112 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот