Мрежата за застапување за системски и трајни решенија ќе се залага да направи напори за да се прошири во однос на поголем број на членки и Ромската заедница за нивна општествена- економска и културна интеграција и партиципација во општеството

На 16 декември во Хотел Спа „Бон-Бон„ во  Скопје Мрежата за застапување за системски и трајни решенија, одржа работен состанок.

На тој состанок присуствуваа членови од ромскиот НВО сектор кој партиципираат воо Мржата. На состанокот се дискутираше на темите: Кои се главните теми и прашања за кои ќе треба заеднички да се залагаат да се остварат во 2024 година. Како да се пристапи кон работните групи за ЕУ интеграции и поставување на агенда остварувањето на правата и партиципацијата на Ромите во општеството и како да се соработува помеѓу претставниците на политичките партии, граѓанските организации, вработените во јавна и државна администрација, експертите и поединци Роми и како да се изгради заедничка платформа за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија.

Вовед за средбата даде координаторот на Мрежата Зоран Димов. Тој истакна дека е корисно  да се дебатира за прашања кои ги засегаат Ромите во 2024 година за нивна општествена- економска и културна интеграција и партиципација во општеството.

Главната поента ја посочи дека клучни работи ќе се случат во 2024 година на политичко ниво па затоа е добро тие како граѓански сектор да изградат став и договор на кои прашања да се обрне најголем интерес и како ќе се бараат можности за интегрирање низ сите тие процеси.

Ги повика сите присутни да се осврнат со нивните гледишта за да имаме пореална слика за

За општествено политичката ситуација и Ромите во 2023 година а и очекувањата за 2024 година на локално и глобално ниво вовед даде Надир Реџепи.

Тој истакна дека не чека година кога повеќе од половина од светската популација ќе се најде во избори. Дека крајно десните партии имаат тренд на освојување на политичката сцена во европските држави а со тоа и ЕУ парламентот.

Посочи дека тоа може да резултира со напуштање на нашите Роми кои се наоѓаат во западно-европските земји на работа и тоа ќе створи дополнителни општествени промени и движења.

Посебно истакна дека во изминатите години воопшто нема подобрувања во општествено политичката положба на Ромите. Истакна дека имаме криза во сите сектори и се уште сме на проектно ниво на сервисирање или помагање на заедницата без идеи како да се прејде кон повисок стадиум во интеграцијата на Ромите во општеството.

Со средбата фацилитираше Самет Скендери.

На состанокот беа присутни: На состанокот присуствуваа: Зоран Димов – Интернационална Ромска Унија , Рамуш Муарем – Ромски бизнис информативен центар – Скопје , Надир Реџепи – Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје

Самет Скендери - Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје, Бесник Сулејмани – Ромски едукативен центар – Амбрела – Скопје ,  Сузана Амет – Здружение – Мир – Скопје , Зекир Абдулов - Невладина Организација КХАМ Делчево, Ахмет Јашаровски - Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово, Ферди Исмаили - Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – Сонце – Тетово, Себихан Демировски – Ромски ресурсен центар - РРЦ – Скопје  и Зорана Костовска - Ромски културен центар Есма и Стево Теодосиевски – Скопје

Сите учесници се произнесоа на трите прашања кои се во дневниот ред, и во однос на тоа се забележани неколку приоритети и области кои треба да се реализираат за 2024 година.

На крајот Самет Скендери ги информира присутните за висината на буџетот на Република Северна Македонија за програми и проекти за Роми и даде свое видување дека со поголемиот дел од предлозите се согласува но е против од политичка диференцијација на мрежата и повеќе верува во неформална структура на мрежата но со можност за окрупнување во една заедничка по глобална мрежа на национално ниво во која би можеле сите мрежи да бидат како членки во истата.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 48 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот