Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најубавите јагниња во Шуто Оризари.

Четврток, 02 Мај 2024
Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најубавите јагниња во Шуто Оризари.

На својот ФБ профил Даниел Петровски - Магистер по Етнологија и антропологија напиша „Неколку ромски семејства, традиционално ги презентираа своите јагниња уште рано наутро. Јагнињата, неколку месеци предходно купени најмногу од селата Копаница и Рашче, го најавија празникот Ерделези, со кој се мисли дека е период кога завршува зимата и почнува новата летна сезона. Јагнињата се големи но се млади неколку месеци и сеуште цицаат млеко. Иако овој ден е наречен " ден на шампионските јагниња", сите прикажани јагниња се всушност најубави и секој сопственик кој учествуваше на колективниот натпревар беше горд.„

Светски ден на слободата на медиумите: Изјава на високиот претставник во име на Европската Унија

Четврток, 02 Мај 2024
Светски ден на слободата на медиумите: Изјава на високиот претставник во име на Европската Унија

Секој ден, новинарите и медиумските работници храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик. Независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, држење на одговорност од лидерите и дозволување на граѓаните да донесуваат информирани одлуки. Во 2024 година, кога се одржаа избори во над 60 земји низ светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст. Како нашите очи и уши на земја, новинарите мора да бидат заштитени во секое време, секаде. ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите за вршење на нивната професија, без разлика дали се извршени од држави, организирани групи или поединци. Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат. Новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да...

Фондацијата „Ромите за демократија“ - Ромите против корупција и насилство

Четврток, 02 Мај 2024
Фондацијата „Ромите за демократија“ - Ромите против корупција и насилство

Фондацијата „Ромите за демократија“ бараат зголемување на нивните набљудувачи за време на вториот круг претседателски избори и прв круг парламентарните, каде што е констатиран предизборен поткуп, на местата кај што живее доминантно ромско население Фондацијата на „Ромите за демократија“ организира марш против корупцијата и насилството. Од Фондацијата „Ромите за демократија“ се пред Министерство за внатрешни работи побараа средба со министерот за внатрешни работи, Тошковски. Link: https://www.mrt.com.mk/node/109020

Šutka NEWS

Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најуб...

Традиција кај старите Роми: 2 мај - Денот на најубавите јагниња во Шуто Оризари.

На својот ФБ профил Даниел Петровски - Магистер по Етнологија и антропологија напиша „Неколку ромски семејства, традиционално ги презентираа своите ја...

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА&qu...

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА" ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 - ПРВ КРУГ?

Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа ОО СДСМ – Шуто Оризари на вчерашните претседат...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факу...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факултетски образовани Роми во Македонија

Д-р Џемиле Берат, првата лекарка Ромка во Македонија, психијатар во пензија ја промовираше својата автобиографска книга „Мојот сон“ во родниот град „И...

После две години премиерски мандат во рок од некол...

После две години премиерски мандат во рок од неколку дена Премиерот Ковачевски повторно меѓу Ромите, но овој пат со својата ќерка гостин на Ромскиот бал во Скопје

После 2 години мандат како премиер, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој пред тоа никогаш не дошол на посета меѓу Ромите во рок од неколку...

Мицкоски на Европски Ромски бал

Мицкоски на Европски Ромски бал

Партијата Роми обединети од Македонија –РОМ чиј претседател е актуелниот советник во град Скопје, Ерџан Селими организираше Ромски бал на кој присуств...

Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари: Со...

Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари: Со новиот Ресурсен центар, жителите добиваат полесен пристап до сите услуги во државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска за прв пат после две години како стаи на функција Претседател на...

ИРУ реагира: „Дали Декларација за правата на Ромите е дело на пратеникот Самка Ибраимовски или се кити со „туѓи перја„?

Во среда во Собранието на РМ на состанок на Советот на интерпарламентарната група имаше состанок, каде пратеникот Самка Ибраимовски ја престави Декларацијата за правата на Ромите во РМ. Според неговите тврдења, таа Декларација е негова идеја и негово дело. Веднаш потоа се разви бурна дискусија на социјалните мрежи, меѓу кои и Претседателот на ИРУ, Зоран Димов, покажа сомнеж дека таа Декларација е всушност превземена и препишана од Стратешката рамка 2019 -2021 и Стартешката резолуција насловена како „Роми во криза: Нација во движење „ подготвена од Интернационалната Ромска Унија -ИРУ . Овие два важни документи беа донесени после развиени дискусии и состаноци помеѓу делегатите на ИРУ во текот на 2018 воедно покрај членовите на ИРУ во составување на тие стратешки документи учествуваа и експерти од тие области. Истите документи веќе се испратени и во ОН и ЕУ како и објавени на Веб страницата на ИРУ - https://iromaniunion.org/ Поради тој сомнеж на социјалните мрежи се разви дискусија каде меѓу другото во своите коментари на ФБ самиот пратеник Ибраимовски јавно тврди дека тоа е негово дело, и дека не е превземена Декларацијата од никого негирајќи го моментот дека тој ја превзел од други, но при тоа не ја прикажал содржината на таа декларација, со додавка дека сеуште не е довршена како и дека ќе има и Резолуција, која подоцна ќе ја презентирал. Покрај сите тие тврдења ИРУ реагира дека тие документи се креирани од нивна страна каде се опфатени сите Роми од светот (вклучувајќи ги и Ромите од Р.Македонија), и дека постои сомнеж дека тој документ е даден од страна на еден од тимот на експерти кој беше индиректно вклучен во негова креација, за потоа да биде даден можеби и на Самка Ибраимовски. Воедно во претходните тврдења од страна на пратеникот Ибраимовски, поради несогласувања што индивидуални, што партиски и по расколот и смена на претходниот министер без ресор Аксел Ахмедовски, и борбата за таа позиција, имињата на кандидати се до назначување на актуелниот министер без ресор Бајрам Музафер, имаше препукувања и раскол во самата партија ПЦЕР и поделба на западен и источен блок. Кога работата со назначување на министер без ресор заврши, мислење е дека поради сомнежот дека тој раскол во ПЦЕР е дело на некои НВО од источниот блок, излезе со тврдења дека Ромскиот НВО сектор во изминатите години проневериле над 25 милиони долари, а резултатите ги нема! Тој јавно преку социјалните мрежи ги истакна тие сомнежи и обвинувања. Се поставува прашање, зошто Самка досега не реагирал на тие сознанија, и ако веќе има сознанија кој од Ромските, па и неРомските НВО , ги добил тие средства да даде листа на увид и да покаже, или попопуларно наречено нека направи „Бела книга„ за да не го става целиот Ромски НВО сектор во ист кош. Има институции кои ќе се занимаваат со тој проблем, а не јавно да „оцрнува„ НВО-а кои можеби работат транспрентно, отчетно и правилно. Но исто така би било уште потранспарентно доколку и самиот се понуди да даде извештај за неговиот досегашен придонес и како пратеник, па и како Министер без ресор, за сработеното и каде се дадени сите тие средства кои му беа доделени да располага. Во секој случај според најавите ИРУ нема да застане тука, и на сите начини ќе бара одговор и вистина во горенаведените толкувања.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 419 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот