ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА" ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 - ПРВ КРУГ?

Четврток, 25 Април 2024
ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА" ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 - ПРВ КРУГ?

Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа ОО СДСМ – Шуто Оризари на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои помалку од 700 гласа СРМ на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои околу 400 гласа ОК ВМРО-ДПМНЕ – Шуто Оризари заедно со ДСР, ДПР, ОПЕР и РОМ, на вчерашните претседателски избори – прв круг, освоиле 1853 гласа. Во овој момент, не успеав да одредам колку тежат. Како ги измерив на вага? За Советот на Општина Шуто Оризари во 2021, Унијата на Ромите (во тоа време сеуште нерегистрирана, но претставена од истите кандидати, сегашни претставници на партијата) освои 1678 гласа, ДУИ освои 1464 и АА во коалиција со Алтернатива освои 667 гласа. Со сумирање на нивните заеднички гласови, бидејќи сега настапуваат во Коалиција (без Алтернатива), за Советот на Општина Шуто Оризари во 2021 овие политички партии вкупно освоиле 3809 гласа...

Северна Македонија – Претседателски избори - ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Четврток, 25 Април 2024
Северна Македонија – Претседателски избори - ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите. Освежувањето на политичката сцена таа го лоцира во резултатите на партијата ЗНАМ, чиј кандидат Максим Димитриевски освои 83.787 гласови (9,26%), и доколку го повтори успехот и на парламентарните избори - цврсто ќе се етаблира на политичката сцена. Изненадува малиот број на гласачи на Левица (41.172 или 4,55%), што е показател дека граѓаните не бараат комплетна ревизија на досегашните политики и барање на нови правци. Многу коментари предизвика и резултатот на кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, кој освои 8.103 гласови (0,90%), иако претходно обезбеди над 10.000 потписи за...

ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година

Четврток, 25 Април 2024
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година

Речиси 282 милиони луѓе во 59 земји се соочија со акутен глад во 2023 година, а појасот Газа беше територијата на која минатата година најмногу луѓе страдаа од глад, се наведува во извештај на Обединетите нации. Во извештајот се вели дека во 2023 година бројот на луѓе кои се соочиле со акутен глад се зголемил за 24 милиони во споредба со 2022 година поради наглото влошување во сигурноста на снабдувањето со храна, особено во Појасот Газа и Судан. Исто така, се нагласува дека ОН го зголемиле бројот на земји во кои го следат снабдувањето со храна во однос на 2022 година. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во воведот на извештајот изјави дека конфликтите што избувнаа во последните 12 месеци доведоа до катастрофална глобална ситуација. Повеќе од 80 отсто од луѓето кои се соочуваат со глад, 577.000 од нив, се во Појасот Газа и илјадници луѓе се соочуваат со катастрофален...

Šutka NEWS

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА&qu...

ФБ анализа на Силхан Саитов: „КОЛКУ "ТЕЖЕА" ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ 2024 - ПРВ КРУГ?

Унијата на Ромите на вчерашните претседателски избори – прв круг, произволно освои најмалку 1200 гласа ОО СДСМ – Шуто Оризари на вчерашните претседат...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факу...

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факултетски образовани Роми во Македонија

Д-р Џемиле Берат, првата лекарка Ромка во Македонија, психијатар во пензија ја промовираше својата автобиографска книга „Мојот сон“ во родниот град „И...

После две години премиерски мандат во рок од некол...

После две години премиерски мандат во рок од неколку дена Премиерот Ковачевски повторно меѓу Ромите, но овој пат со својата ќерка гостин на Ромскиот бал во Скопје

После 2 години мандат како премиер, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски кој пред тоа никогаш не дошол на посета меѓу Ромите во рок од неколку...

Мицкоски на Европски Ромски бал

Мицкоски на Европски Ромски бал

Партијата Роми обединети од Македонија –РОМ чиј претседател е актуелниот советник во град Скопје, Ерџан Селими организираше Ромски бал на кој присуств...

Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари: Со...

Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари: Со новиот Ресурсен центар, жителите добиваат полесен пристап до сите услуги во државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска за прв пат после две години како стаи на функција Претседател на...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за клима...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските...

Во пресрет на 8 Април обраќање на Претседателот на ИРУ - Зоран Димов

Почитувани
 
Денес кога ја одбележуваме 48 годишнината од воспоставување на темелите на Ромскиот идентитет,  каде на 8 Април 1971 година во Лондон - Велика Британија се одржа Првиот Светски Ромски Конгрес, и воедно се донесоа одлуки на кој сите ние заедно сме горди дека постоиме како Роми, дека е официјализирано нашето ромско знаме и дека имаме наша химна „Џелем, Џелем„. Но истовремено и денес и по 48 години сеуште сме една од  најранливите заедници во светот, а тоа е  - Ромската заедница! 
 
Сите ние сме сведоци на се поголемиот замав на Анти ромското расположение, и големата нетрпеливост кон оваа заедница. Затоа  е потребно ние Интернационалната Ромска Унија -ИРУ како најстара и најголема организација која ја застапува оваа националност , да посочиме неколку важни елементи за елиминирање и запирање на овој негативен тренд
 
Потсетуваме  дека Европа и светот низ својата историја биле и сеуште се сведоци на порастот на расизмот, ксенофобијата и нетолеранцијата како  и кршење на основните човекови права токму кон Ромската заедница.
 
Затоа  ние како ИРУ сакаме да препорачаме неколку препораки до Обединетите Нации и европските институции и нејзините членки.
 
Тоа подразбира искажување на јасна политичка  волја за решавање на овие проблеми како и директна партиципација и на релевантниот ромски фактор, како што е Невладиниот ромски сектор, вклучувајќи ја тука и Интернационалната Ромска Унија -ИРУ
 
Проблемите кој се актуелни и видливи ги има од сите полиња (социјала, економија, здравство, домување, медиуми, вработување, религија. култура, традиција и др )
 
Затоа потребна е поголема меѓусебна доверба и соработка помеѓу Ромската заедница и институциите на системот без разлика дали се работи на интернационално, национално или пак на локално ниво.
Потребна е заедничка координација и реализација на сите квалитетни стратегии, резолуции, програми и планови без поголеми одлагања и скратувања. Тоа подразбира исто и одвојување на средства за нивна реализација и воедно на тој план директно вклучување и на ромскиот фактор , како и воедно поголем мониторинг врз реализација на тие активности и поголема отчетност за спроведеното и понесување на одговорност за неспроведените програми. 
 
Секое нивно пролонгирање, игнорирање и селектирање доведовуаат до ситуации кои се случувале и во минатото и во сегашноста чии сведоци сме сите ние (во последно време добро познати ни се таквите случувања во некој од европските држави како што се Италија,Франција, Бугарија, Украина, Унгарија, Словачка, и др)
 
Потребно е исто така превземање на мерки за охрабрување на Ромската заедница да ги пријавува таквите случаи, и формирање на тела за следење и спроведување на мерки
 
Затоа чувствуваме потреба ние како ИРУ токму да ја искажеме нашата определба кон решавање на овие проблеми.
Инаку ИРУ токму за ваквите состојби превзеде акции и има подготвено Резолуција на ИРУ, Оперативна Стратешка Програма на ИРУ, и кој се веќе поднесени до ОН и ЕУ, и се очекува нивно реализирање.
 
Да напоменеме дека ИРУ пред две години даде идеа за отварање на Канцеларија за  Народен Ромски Омбудсман  и заедно со ЕРТФ -European Roma and Travellers Forum со седиште во Стразбур, кои имаат  заедничка соработка и членство во Советот на Европа, на својот последен одржан состанок во Хелсинки,Финска од 25 -27 Март 2019 година се договорија и поднесоа заедничка иницијатива за спроведување токму на таа идеја за отварање на Канцеларија за Народен Ромски Омбудсман со седиште во Стразбур , чија задача ќе биде следење и помагање на Ромската заедница во решавање на ромските прашања.
 
И на самиот крај со фактот дека се наближува периодот на Избор на Пратеници во Европскиот Парламент , ИРУ упатува јавна подршка и апел до сите идни кандидати за Европски пратеници, дека несебично ќе ги подржува, ќе ги мотивира и охрабрува сите кандидати кои во своите програми и агенди на делување ќе ги имаат за спроведување и реализација токму на овие битни точки , а то значи борба против расизмот, ксенофобијата, нетолеранцијата и дискриминацијата. Тука ИРУ ќе стои со сиот свој капацитет, кредибилитет и сето свое членство за безрезервна подршка при нивниот избор, и истовремено ќе стои на располагање во понатамошна реализација на сите заеднички зацртани планови и актовности.
 
Со почит
 
Зоран Димов
Претседател на Интернационалната Ромска Унија -ИРУ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 535 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот