„Некој нови клинци„ од млади ромски активисти, до самопромоција во идни лидери!

По актуелните случувања во врска со евентуална кандидатура како предложен од ромскиот блок во Кабинетот на претседателот Пендаровски веднаш се отвори фронт за правење на разни дискусии, коментари па и иницирани анкети , за да се „измери„ пулсот кој е тој што може да ја земе таа функција.

И глеј чудо, во „прв план„ некако на површина излегоа имиња кои до „вчера„ беа заколнати непартиски и неполитички обоени малди интелткуалци, кој работат за подигање на ромското прашање на едно повисоко ниво.

Имиња кои се филтрираа како предлог беа општо познати имиња од ромскиот НВО сектор, кои на некој начин се промовираа во „коректор„ на актуелните и „истрошени„ ромски лидери, без некои амбиции да ги завземат нивните места.
Но одеднаш како да ја почувствуваа „климата„ дека е време и дека „сега или никогаш„ е моментот да се устоличат на тие места.

И уште поинтересно за тие позиции се „тепаат„ довчерашните па и сеуште актуелни „невладини„ потенцијали, кои вешто се криеа позади параванот наречен - невладини институции, здруженија, асоцијации и сл. И сите тие се од истиот блок кои за време на кампањите за Претседател на државата се наметнаа како неутрални опсерватори.

Имињата кои сега се профилтрираа се всушност добро познати „Некој нови клинци„ од Ромалитико, Рома Верситас фузирани во Аваја!

Јасен знак дека сепак политиката е многу посигурен безбеден и комотен статус отколку ромскиот активизам.
До вчера реториката „Неутрален и во име само за Ромскиот прогрес и добробит„ да се замени со истата формулација но без тоа „неутрален„ и со политички ноти „ Во име само за Ромскиот прогрес и добробит„,

А кога сме кај ноиминацијата едно прашање - Во што е работата што меѓу тие имиња го нема едно дете со исклучителен капацитет - по мое неутрално и објективно мислење - Денис Селман? Што му фали на ова дете?

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 25 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот