На Ромите, жртви на труење, треба да им се исплати отштета

Специјалниот известувач на ООН за токсични материи, Башкут Тунчак, вчера изјави дека на косовските Роми, кои биле изложени на труење со олово, додека живееле во камповите на ООН за раселени лица, кои се наоѓале во близина на рударскиот комплекс Трепча, кај Митровица, треба да им се исплати отштета.

„Околу 600 припадници на заедниците на Ромите, Ашкалите и Египќаните, помеѓу 1999 и 2013 година, беа сместени во камповите изградени на земјиште за кое се знаело дека било контаминирано со олово.

Половина од нив биле деца помали од 14 години“, се вели во соопштението на Тунчак, објавено по состанокот со ромските семејства, кои биле жртви на труење со олово.

Советодавното тело за човекови права на ООН, во 2016 година, утврди дека оваа организација е одговорна за жртвите и даде препорака, ООН да им исплати отштета.
Меѓутоа, ООН одбија да прифатат дека се одговорни и одбија на жртвите да им платат отштета.

Наместо тоа, тие одлучија да основаат фонд за финансирање на „проекти за асистенција“, преку кои ромската заедница ќе биде поддржана во целост. Досега, овој фонд не добил никакви средства.

Link: https://prizma.mk/na-romite-zhrtvi-na-truene-treba-da-im-se-isplati-otshteta/

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 93 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот