За два дена три напади врз Роми во Лесковац, уапсени 7 лица

Група од околу 50-тина лица со палки, шипки и ножеви нападнаа Роми во ромската населба Подворце во Лесковац, тврдат мештаните од оваа населба. Според нив настанот се случил во во саботата и неделата.

Според сведоците на настанот најпрвин групата ги нападнале Ромите од населбата Саат маало во саботата додека истото се повторило и во неделата околу 21 часот во населбите Подворце и Славко Златановиќ.

Тројца Роми беа нападнати и повредени од страна на истата група и во центарот на градот пред хотелот „Београд„. Еден од нив е задржан на лечење во Општата болница во Лесковац, вели еден од сведоците.

Преставниците на Ромите од Подворце ја замолија полицијата да ги превземе сите потребни мерки за да се запрат овие напади, и сторителите да се пронајдат и соодветно судски процесуираат.

Според полицијата во Лесковац пријавени се два настани на напади на припадници од ромска националност, и приведени се седум малолетни лица.

Во соопштението е наведено дека нападот според пријавите е извршен во неделата во вечерните часови врз група на 5 млади Роми кои играа кошарка во школското игралиште. Во вториот напад исто биле нападнати уште 5 други Роми пред еден хотел и учествуваа повеќе лица.

Поради сомнение за учество во овие напади приведени се седум малолетни лица, се вели во полицијското соопштение.

Link: https://www.telegraf.rs/vesti/srbija/3060109-u-dva-dana-3-napada-na-rome-u-leskovcu-nasrnuli-na-njih-palicima-i-nozevima-troje-ljudi-povredjeno-video

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=E2M3A88Gatg

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 103 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот