Марш за толеранција на различностите во образованието. Училниците се наш одраз - за едукација без дискриминација!

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права го организира единаесеттиот Марш на толеранција, кој ќе се одржи на 16-ти ноември, 2019 година (сабота) со почеток во 12 часот.

Маршот ќе започне пред Музејот на град Скопје, преку улица Македонија, до крајната точка на платото пред Универзитетот на ЈИЕ во Старата скопска чаршија.
 
Образованието и младите ќе бидат во фокусот на овогодишното одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата.

Причините се сериозни и секојдневно видливи - најчести извршители и жртви на злосторства од омраза се малолетни лица, а подемот на меѓуврсничкото насилство дополнително се зголемува со користењето на социјалните мрежи.
 
 
На крајот на Маршот предвидено е да бидат одржани неколку говори од претставници на организациите кои ќе ја дадат својата поддршка, секој во својата област на делување.

Настанот е поддржан од МОФ, ХЕРА, Коалиција Маргини, Националниот Ромски центар, Реактор и Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ), стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 281 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот