„Северна“ ќе влезе во личните документи: Секој граѓанин тоа ќе го чини по 60 евра

Издавањето на нови лични документи со новото име се очекува да почне до крајот на годинава, а замената граѓаните ќе ја плаќаат сами. Замените ќе одат постепено.
-Основните документи: лична карта, пасош и возачка дозвола, ако останат истите цени, секој граѓанин ќе го чинат околу 40 евра.

Ако на ова се додадат и промените на регистарските таблици, тогаш трошоците ќе се зголемат за околу 20 евра. Вкупно трошоците ќе изнесуваат околу 60 евра.

Најпогодени ќе бидат оние граѓани кои ќе ги менуваат документите во овој период додека да се набават нови со новото името, бидејќи документите ќе им бидат со преполовен рок на употреба, па наместо еднаш во десет години, тие ќе треба да ги променат своите документи двапати.

Промената на документите, веќе најавија од Владата, ќе биде на грбот на граѓаните. Според актуелниот ценовник, најмногу граѓаните ќе треба да одвојат за пасошите кои чинат 25 евра плус административна такса која е 5 евра за лицата постари од 27 години односно од 2 до 3 евра за оние под оваа старосна граница.
Цената за лични карти, пак, е 3 евра. Возачката чини 4.5 евра, а за неа има и административна такса во висина од 3 евра која се плаќа поради измината важност.

На овие основни трошоци се надоврзува и замената на регистарските таблици за оние граѓани кои имаат возило. Таблиците досега чинеа околу 20 евра. На новите таблици, кои треба да почнат да се издаваат во рок од четири месеци, стариот сообраќаен код „МК“ ќе се замени со „NMK“ (North Macedonia).

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 473 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот