Ромски Демократски Сојуз - РДС анализа (прв дел) - Зошто Ромите се борат за правична Рамковна застапеност во вработувањето, а не според гаранциите од Уставот?

Македонско (странскиот) изум: „Рамковен Договор„ според менталитетот на граѓаните во нашата држава стана како еден вид на „општествен„ Куран или Библија меѓу нас! Каде и да „закочи„ работата одма се „фаќаме„ за Рамковниот и правична застапеност. Менталниот склоп на здрав разум сеуште е спакуван во нашите „затворени умови„ и не се трудиме да се резонираат работите од општ човечки карактер и резон, него одма се „шлепаме„ и фаќаме компарации со процентуална застапеност.

Но зошто не се насочиме според Уставот и неговите гаранции? Еве например да го погледнеме членот 9 од Уставот на Р.С.Македонија кој вели:
II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
Граѓански и политички слободи и права
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви!

Значи сите сме еднакви без разлика на се! Без разлика на која националност припаѓаме тука сме сите исти. Логично значи не треба нит процентуална застапеност, нит барања за негова примена и слично. Република Северна Македонија потребно е да даде еднаква шанса за сите, а не например ние Ромите да бараме некој проценти на административна застапеност од можеби, 2, 3 или незнам колку проценти!. Воопшто не е потребно да ја следиме таа патека, туку барањата да се насоќчени од основата на Уставот на Р.С.Македонија.

Замислите ваква состојба кога би функционирало во некои други светски држави. Колку би звучело глупо и нелогично. Например во САД кога би се спроведувала македонската логика. Во државната администрација според „македонска изум на Рамковен„ јавната администарција би била: Американци 50 %, Канаѓани 20%, Мексиканци 7%, Шпанци 6%, Италијанци 5 %, Кинези и Јужнокорејци 4% Ирци 2% Афроамериканци 6%, Навахо индијанци 2%. Апачи 2%, Сиукси 2%, Ирокези 2%, Ескими 1% , Амиши 1%....

Втор момент е исто така интересен. Официјален и едниствен службен јазик на цела територија на САД е Англискиот јазик. А сите знаеме дека на американскиот континент 35% од севкупното население зборува и на шпански - мајчин јазик, но тој во официјалниот протокол ни „Ш„ од шпански, А сепак Америка е најдемократска!

Нејсе ... Паралели има мал милион, но каква порака е потребно да се извлече?
Ете дали држи логиката? По што сме ние посебни па да се „двоиме„? Но анализата на РДС ќе продолжи... (продолжува)

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 56 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот