Депониските диви населби – во пеколот на Скопје

Еден од најгорливите социјално-еколошки проблеми кои со децении го мачи Скопје се импровизираните живеалишта во градов – Вардариште, под Калето, Керамидница.
Само во Вардариште, од каде постојано гори и чади, живеат околу 400 Роми. Низ цела Македонија во градовите има вакви Ромски импровизирани населби, пишува „О2 Иницијатива“.

Од аспект на загадување проблемот е масивен. Од аспект на социјала е ужасен. Дел од овие лица се т.н. фантоми, лица без документи, дел се дојдени од Косово. Во 2011 утврдени се 441 „фантоми“ во земјава, а годишно се решаваат само околу 30-50 вакви случаи.

Децата кои не одат во училиште се првите изложени на ужасното загадување од импровизираните живеалишта, од горењето на гуми и друг отпад во зима за греење, од бизнисот на палење на кабли за да се дојде до бакарот, што се продава на црно (1кг за 200 до 300 денари).

Други собираат пластични шишиња и картони кои ги продаваат во откупните центри за отпад, (за 1кг пластични шишиња се добиваат по 13 денари, за една голема вреќа пластични шишиња се добиваат околу 220 денари).

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 93 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот