РДС анализа: (Седми дел) Дали државата сака на „мала врата„ да го донесе Законот за лицата без регулиран граѓански статус ?

Проблемот со т.н „Фантоми„ во државата по се изгледа никако да се надѕира крајот. Всушност се стекнува впечаток дека државата прави некои закони на „своја рака„ за да се престави пред сите па и во светото дека - еве донесовме закон за решавање и на тој проблем!

Но реалноста е друга. Сега на потег треба да се ромскиот НВО сектор од аспект на Правна обработка на еден направен на своја рака Закон на лица без регулиран граѓански статус. Иако во брзо време се спроведе еден проект, вклучувајќи и голем број на ромски НВО сектор кои вршеа теренски анализи за Ромите -Фантоми за да се надмине овој сложен процес и самите тие луѓе да бидат официјален дел од ова општество.

Она што е симптоматично е тоа што пред 2-3 недели формирната работна група составена од правници од повеќе државни институции и министерства направена е една работна верзија на овој закон, и е на разгледување која има веројатност да биде и донесена. Уште понелогично е што во таа работна група во изготвување на овој закон ниту се консултирани, ниту се земени во предвид препораките од спроведените предлози и мерки од страна на повеќе Ромски НВО за време на реализираниот проект токму за лицата без документи.

За да не биде доцна еве препорака и насоки од РДС токму оваа работна верзија на овој закон да се прегледа, разгледа и да се коментира со таргет на луѓето кои токму повеќе се запознаени со оваа проблематика, истовремено упатува апел да се земат добрите примери во нашето соседство (Србија) и на тој начин да биде донесен еден Закон кој ќе биде од корист за да се елиминира и да се реши овој навистина долгогодишен проблем на регулирање на државјанството каде најголем процент од тие луѓе се токму Ромите. Затоа уште еднаш еден апел од страна на РДС до сите ромски политички партии, ромскиот НВО сектор и сите други да ја разгледаат оваа Работна верзија на овој закон, и заеднички да се подигне гласот и да се донесе еден заеднички став,

РДС анализата продолжува...

Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 109 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот