Civilmedia - Жителите на Баир, Битола: Политичарите на овие избори нема да нè излажат со водата!

„Зимно време струја немаме, летно време вода немаме. Секогаш пред избори политичарите доаѓаат и нè лажат, откако ќе поминат изборите никаде ги нема“, ѝ вели еден жител на битолски Баир на граѓанската новинарка, која отиде да види дали по пет месеци е нешто сменето по објавата на ЦИВИЛ, дека во битолски Баир луѓето со децении живеат без капка вода.
Друга жителка на оваа сиромашна населба додава дека градоначалничката на oпштина Битола, Наташа Петровска, им ветила дека ќе го среди проблемот со струјата и водата.
„Наташа ни вети дека ќе ни се исполни желбата да имаме вода. Но, сега уште малку ќе дојдат избори и сакам да ѝ порачам на Наташа да нè има во предвид и да го реши проблемот, инаку воопшто да не праќа луѓе да нè убедуваат да гласаме, оти, како ќе дојдат, така и ќе си заминат. Во Баир никој нема да гласа“, вели таа.
„Пред избори доаѓаат и нè лажат дека, ако гласаме, ќе го средат проблемот со водата и ни даваат по 500 денари да гласаме. Зошто да го дадам мојот глас за 500 денари?“, вели еден жител на Баир, кој сака да остане анонимен.
Жителите велат дека неколку пати го блокираа патот за државата и општината да ги слушнат и нивните проблеми.
„Во училиште децата ги пуштаме да одат со вошки, бидејќи немаме вода да ги избањаме“, вели една изреволтирана мајка.
Пред пет месеци, на 6 неомври 2018 година, дел од тимот на ЦИВИЛ, заедно со тим од граѓански новинари, ја посети населбата Баир и оствари средба со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорот на ЈКП Водовод, Горан Козаров кои истакнаа дека знаат за тој проблем и се трудат да го решат.
Меѓутоа, и по пет месеци откако ЦИВИЛ објави за проблемите со кои се соочуваат баирчан(к)и, нема никаква реакција од локалните и централните власти.
Дали навистина Ромите во Баир се бројат и гледаат само како гласачка машинерија?!

Link: https://civilmedia.mk/zhitelite-na-bair-bitola-politicharite-na-ovie-izbori-nema-da-ne-izlazhat-so-vodata/?fbclid=IwAR0TZQmXQsYEF5N-4h9UPEbmzzlmP5PfI3zG3ZMm1tCtxJZYXo10qQRM9B0

Youtube:

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 386 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот