Ромски Демократски Сојуз - РДС анализа (трет дел) - Лесно е да се наметнеш како ромски лидер со туѓи и народни пари

Познавајќи го досегашното функционирање на политичкото ромско движење и функционирање во нашата држава, како и поразителните досегашни резултати од таков начин на владеење и покажано „лидерство„ од досегашните гарнитури, многу е полесно да се појават нови и „посовесни водачи -лидери„. Полесно е од причина што реално на народот му е „преку глава„ од исти фаци, и полесно може да одберат некоја нова за нив сеуште непозната „гарнитура на лидери„. И токму тој факт е од корист за „новопечените лидери „. А тие новопечени лидери по некоја логика произлегуваат повеќето од некој НВО сектор. Дотогашните канцелариски и со туѓи (народни) пари финансирани „борци„ за својот народ, поради нивниот несебичен ангажман, од обични „волонтери„ стануваат број 1 фактор во креирање на политички цели. Потоа ја започнуваат својата „за доброто на ромскиот народ„ мисија и ја презентираат својата програма пред донаторите, на разни состаноци и средби се со цел да им ја објасната како на странските донатори така и на државните институции, под закрила како нивни соработници во креирање на нови политики за добробит на народот. Кога ќе се „инфузираат „бајаги со финансии, тогаш започнуваат да фаќаат поинакви колосеци во вид на самопромоција дека се тие идниот двигател на ромскиот политички блок за полесно како финансиски така и идејно да се преобразат во политичко движење. И така довчерашните „борци од цивилниот сектор„ наеднаш се претвараат во „политички месии„ на Ромскиот народ. Испробан рецепт за нова „политичка„ авантура. Ем убаво, ем комотно ем на туѓ грб, со туѓи и народни пари колку лесно се станува политичка фаца и бр 1 кај својот народ. Сигурна и камелеонска адаптација за без пари! „Нит лук јал, нит лук мирисал„ Чисто, невино без политичка дамка, за без пари да се дојде до позиција и пари! Анализите на РДС ќе продолжат... (продолжува) Ставот на текстот преставува личен став на РДС и е надвор од уредувачката политика на Веб порталот Рома Тајмс

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 59 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот