Поради сомнеж дека грабнал 12 годишно девојче во околината на Ниш , полицијата трага по Нинослав Јовановиќ со прекар „Малчански бербер„. Тој како велат од полицијата последен пат е виден во околината на Књажевац.
По неколкудневна интензивна потрага во селото Малча, полицијата го обелодени идентитетот на човекот за кого се сомнева дека ја киднапирал малолетното 12 годишно девојче од околината на Ниш.
Станува збор за повеќекратен повратник и човек кој беше затворен поради кривични дела киднапирање и силување.
Од полицијата велат дека последен пат е виден во околината на Књажевац, приложија и две фотографии и ги повикуваат граѓаните доколку имаат некои информации за неговот движење и слично да се јават на бројот 192 и 018/522-982.
За потестување е дека 12 годишната Моника Каримановиќ исчезна на 20 Декември во утринските часови околу 07:20 на патот кон училиштето. Одтогаш и се губи секоја трага.
Полицијата и жандармеријата интензивно се во потрага, а денеска се приклучија и ловџии и граѓани.