Од политичкиот магазин „Скен„ на Цивил медија ја издвојувбаме нивната сторија за настан поврзан со дискриминација.
Мајката на малата Алара Рустемова, вели дека наставникот Љупчо Горгиев во основното училиште „Раде Кратовче“ во Кочани, лошо се однесувал со нејзината ќерка, ја мавал со лејнир, постојано и викал и ја дискриминирал по етничка основа.
„Му рече на наставникот дека и се повраќа, тој и вели ‘ај не ми прави цигански работи’, и од тој ден ќерката се плаши, постојано плаче и не сака да оди во училиште“, вели мајката Есма Рустемова.
Мајката вели дека лошото однесување на наставникот Горгиев го пријавила кај директорот на училиштето, Благој Давитков, но, наместо да биде сослушана и да преземе некакви мерки против наставникот, таа тврди дека била дрско избркана од канцеларијата.
Директорот на училиштето ОУ „Раде Кратовче“, Благој Давитков, го отфрла обвинението дека дека наставникот Георгиев ја малтретирал ученичката Алара, а како сведок го посочува наставникот кој му помага на еден ученик со посебни потреби, во истиот клас.
Новинар Дехран Муратов
Youtube: