Расте интересот кај македонските граѓани за пазарување преку интернет. Последните анализи направени од Асоцијацијата за е-трговија, посочуваат дека има зголемување кај онлајн-нарачките.
Во последните 12 месеци преку Интернет пазарувале 35,9 проценти од интернет-корисниците, наспроти 31,6 процент во истиот период минатата година, информира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ).
Притоа, облеката и спортската опрема се меѓу најкупуваните продукти од македонските граѓани кога пазаруваат преку интернет..
Повеќето од Македонците купуваат производи преку интернет во вредност до 50 евра, во согласност со царинските прописи за увоз.
Поединци што нарачале/купиле производи или услуги преку интернет за приватна намена
во последните 3 месеци 27,4 %
пред 3 месеци до 1 година 8,6%
пред повеќе од 1 година 4,8%
никогаш 59,3%
нарачале/купиле производи/услуги преку интернет (кога било) 40,7%
нарачале/купиле преку интернет во последните 12 месеци 35,9%
Извор: Државен завод за статистика.