Случајот со малата Моника Каримановиќ: Дали државата Србија, реагираше навреме?

Србија и регионот сеуште е во неизвесност во случајот со грабнувањето на малата 12 годишна Моника Каримановиќ од околината на Ниш. Главниот осомничен е Нинослав Јовановиќ од Малча, попознат како „Малчански бербер“, кој излегол од затвор во март годинава.

 

Веќе осум дена како ја нема Моника, родителите, и блиските пријатели сеуште не ја губат надежта дека таа може да биде вратена здрава и жива, но сепакевидентно е дека во оваа потрага има многу недоследности.

 

Целиот случај беше алармиран веднаш преку социјалните мрежи од страна на засегнатите родители и пријатели. Веднаш и самите граѓани ја споделуваа оваа информација. Во цел тој хаос „најмирни„ беа државните институции и полицијата на Србија како о надлежните институции. Дури после четри – пет дена од исчезнувањето започнаа поконкретна потрага вклучувајќи и 200 полицајци и жандармерија. Деновиве тој број изнесува и 500 вклучени лица, но дали требаше толку да се чека?

 

Истото прашање треба да се постави и кон големиот број на Ромски организации кои мудро „ќутеа„ се до моментот додека не беше тој „аларм„ даден и од официјалните медиуми во Србија и регионот.

Буквално родителите и индивидуални ромски активисти беа оставени сами на себе во оваа потрага цели четри –пет дена!

Имаше и такви кои во целиот овој случај го таргетираа како случај дека малата Моника можеби и „побегнала и се омажила„ следбено дека таа е Ромка и дека таа варијанта е најлесна.

 

Со ова се докажа дека кога станува збор за Ромите државата Србија секогаш имаат некои поважни приоритети од Ромите.

Во целата оваа ситуација дури и претседателот на државата Александар Вучиќ се вклопи во сивилото напоменувајќе дека добро е запознат со деталите но не би сакал да изнесува информации.

 

Дали тие родители на Моника не заслужуваат поголема утеха од страна на државата и институциите, и да ги држат во неизвесност.

Дури медиумите направија реконструкција на целиот случај и укажано е дека ова се случило за само 4 минути и 43 секунди.

 

Тие фатални минути беа доволни еден обичен педофил цели осум дена да се крие и цела полиција да не биде способна да го лоцира и открие, како да се работи за најпрофесионален воен ветеран и знае како да се крие. Факт е дека има мал милион пропусти и недоследности. Факт е дека државата Србија Ромите не им се некој врвен приоритет.

Дај боже да се заврши се најдобро и Моника здрава и жива да се врати на најблиските. Е потоа ќе се отвори Пандорината кутија кој и каде направил пропуст. А нарочио судските институции кој монстумот Нинослав го пуштиле во март од затвор и знаејќи го за кого станува збор го пуштиле без никаква контрола, следење и надзор со шанса која повторно ја сторил, силување и напаѓање на малолетни деца.

 

Кој ќе ја поднесе таа одговорност? Во други држави паѓаат оставки на претседатели, министери, но брате ова е Србија ова е Балкан! Тоа на овие простори е невозможна мисија!

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 347 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот