Притворениците во затворот “Шутка” во паника: Ве молиме помогнете ни!

Откако вчера во истражниот затвор “Скопје” почина притвореник, заразен со корона вирус, стигнуваат панични пораки од притвореници.


Ве молиме помогнете. Во затворот има повеќемина заболени. Цимерите на починатиот се префрлени во други ќелии, ќе не заразат сите, ни пиша притвореник од затворот.

 

На нашето прашање, дали некој од останатите има симптоми, притвореникот вели:

“70% сме со температура и кашлање, никој не не прегледува. Покрај притворените има и осуденици на кои им остануваат 10, 20 или 30 дена до издржување на казната ама не ги пуштаат, вели нашиот соговорник.

 

Во текот на денот ни пишаа и други притвореници кои велат дека изразувале бунт со тоа што сите биле на нозе и тропале и кршеле по ќелиите, а за утре најавуваат и штрајк со глад.

 

Од затворските власти уверуваат дека се превземаат сите мерки за заштита, а повеќе детали најавуваат за утре или понеделник.

 

Притвореникот кој почина беше на возраст од 47 години, од Ресен. Тој зад решетки влегол на 8 март. Засега не е познато дали заразен влегол во притвор или се заразил внатре.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 93 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот