Минатиот викенд по иницијатива на порталот од Париз , Франција - Roma News и нејзинот сопственик Андијано Џеладин, заедно со членовите од хумористичната група „Ајгара Бенд„ спроведоа хуманитарна акција насловена како Roma News by Comedy & Ajgara Bend, каде членовите на групата преку live stream емитуваа свој хумористичен програм од позната Романи аудиција а за цело време во два дена од по четри часа програма во живо собираа средства со уплата во живо од самите приклучени гледачи од целиот свет со свој доброволен прилог.
За цело време во програмата учетуваа со свој хумор Северџан Бајрам – Др Кољо, Џексон Адем, Муарем Мики, Сенар Ибарим, Муаремов Диљавер – Дишо и Муарем Рамуш – Цирко. Покрај нив во програмот учествуваа познати ромски естрадни ѕвезди.
За време на дводневната по четри часа програма успееа да се соберат нешто повеќе од 7.000 евра.
Веднаш потоа веќе од понеделник од собраните средства се одвоија околу 900 евра и се купија 2,5 тони бршно кој беа поделени за најзагрозените Роми од неколку ромски населби низ Скопје (Топаана,Циглана, Злокуќани, Ѓорче Петров и др).
По 500 евра им беа доделени на ромски активисти во Битола, Прилеп и Битола каде во сите три града беа поделени по 25 пакети со храна и средства за лична хигиена на социјално ранлив категорија на луѓе во вредност од 1.500 евра
Истовремено Дишо и Кољо доделија и на 3 најзагрозени семејства по 100 евра , додека исто така пакет со храна и хигиенски средства им додели на едно социјално загрозено семејство, и воедно 50 евра за двајца социјално загрозени Роми.
Воедно преку координација со оџата од Скопје Али Берат по 2000 евра им се доделени на граѓаните во местото Племетина во Косово, како помош за тие Роми, и воедно 2000 евра за Ромите од Костолац, Република Србија.