Убиство во близина на Клиничкиот центар, син го пробол татка си со нож

Трагите од крв се уште стојат на булеварот Мајка Тереза и сведочат за семејната трагедија која се случи вчеравечер во центарот на Скопје. Расправијата меѓу синот и таткото заврши со свирепо убиство.

 

Караницата почнала во семејната куќа која е на само стотина метри од Клиничкиот центар. Што точно се случувало во нивниот дом засега никој не може да каже. Нивните најблиски не сакаа да зборуваат пред камерата.

 

Она што е познато е дека дваесет и четиригодишното момче зело нож и го избол татка си пред очите на неговата мајка и останатите членови на семејството.

 

Тешко повредениот педесет и петгодишен скопјанец тргнал пешки кон Клиничкиот центар за да бара помош и да си го спаси животот. Обилно крварел.  Свеста ја згубил тука, на самот влез на Клиничкиоот центар. Само моменти го делеле од лекарската помош.  Паднал и искрварел до смрт.

 

Кратко потоа уапсен е осомничениот и кај него е најден ножот со кој го уби својот татако. Тој сеуште е во полициска станица каде што полициските инспектори ги утврдуваат деталите

 

Денеска против него ќе биде поднесена кривична пријава за убиство и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во кривичниот суд.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 67 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот