Организациите за човекови права објавија отворено писмо во кое го повикуваат Претседателот на Романија да го отпушти министерот за внатрешни работи. Причината е инцидент во кој полицијата на југот на земјата нападнала група Роми, додека лежеле на земја.
Серверот за вести, Балканнсисрајт јавува дека нападот бил снимен на видео и прикажан на романскиот сервер за новини Либертатеа кој го објавил на Интернет минатиот четврток, нарекувајќи ја снимката „слика типична за земја управувана од воена хунта“.
На снимката се прикажани романски полицајци кои шетаат меѓу Ромите кои лежат на земја, додека еден службеник постојано удира со стап по еден од мажите. Ударите со стап и болните урликања на човекот може да се слушнат на видео снимката.
Полицајците на снимката извикуваат „Остани дома!“ и и со вулгарен вокабулар, исто така. Видеото предизвика силен отпор од многу активисти за човекови права во Романија.