Ковид-19 во Европа: Први чекори кон нормализација на животот

Европа од континентите е најпогодена од пандемијата со 1 447 998 заболени и 140 645 смртни случаи

 

Од денеска голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со ковид-19.

 

Италија која најтешко е погодена европска земја од пандемијата, од денеска има дозволува на своите граѓани да можат да ги посетуваат своите роднини, да се собираат во ограничени групи. Од денеска се отвораат парковите, но со држење  физичко растојание. Работата во градежништвото и трговијата на големо е целосно обновена.

 

Кафулињата, рестораните и баровите ги отвораат своите кујни, но ќе продаваат храна само за дома. Училиштата според новите правила ќе останат затворени до септември. Остануваат ограничувањата за движење од една до друга област. Маските важат за аеродромите и станиците и за јавниот превоз. Од денеска се обновени патничките летови од аеродромите во Cампино во Рим и Перетола во Фиренца, кои беа привремено затворени поради епидемијата.

 

И Шпанија, која исто така е на врвот по бројот на заболени од ковид-19 во светот, почнувајќи од денеска, дозволи отворање на мали трговски објекти како фризерски салони што можат да примат клиенти по претходно закажан термин. Баровите, кафулињата и рестораните како и во Италија ќе продаваат храна и пијалоци само за дома.

 

Училиштата остануваат затворени до септември.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 381 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот