Комисијата во 2017 година препорача властите во Србија да му дадат приоритет во вработувањето на пропорционален број на Роми и други малцинства во државната администрација и да им обезбеди стабилни работни услови.
Без да дадат конкретни информации, Владата на Србија наведе дека Ромите се вработени како педагошки асистенти, здравствени медијатори и координатори за ромските прашања, стои во заклучокот.
Меѓутоа во направеното истражување од страна на Заштитник на граѓаните покажува континуирана исклученост на Ромите и недостаток на адекватни инструменти за нивно учество на сите нивоа на локалната управа , наведува Комисијата.
„ECRI со жалење констатира дека бројот на Ромите и припадници на други малцинства вработени во јавниот сектор на Србија и понатаму е далеку од пропорционално„ се наведува во заклучоците.
ECRI е единствено тело за надгледување на права на човекот, специјализирано за прашања поврзани со борба против расизмот, дискриминацијата, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата во Европа.